Македонија
Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан
Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска пред Универзална сала ќе организира мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан.
Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска пред Универзална сала ќе организира мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан.
Собирот ќе се одржи под мотото „на хуманитарната помош се возвраќа со хуманитарна помош“, а од организацијата „Ленка“ велат дека локацијата за собирот е избрана затоа што Универзалната сала е изградена со солидарна помош и од страна на Авганистан.
„Авганистан беше една од земјите, кои по земјотресот во Скопје во 1963 година, донираа средства со кои беше изградена Универзалната сала во Скопје. Денес, кога Македонија е потребно да возврати за помошта, наместо хуманитарна, културна, социјална, образовна помош, Македонија испраќа војници, кои таму не се во мировна мисија, туку се една од завојуваните страни“, објаснуваат од „Ленка“.
Според бројот на војници во Авганистан, Македонија се искачи дури на четвртото место во однос на бројноста на населението. Единствено Британија, Холандија и Данска имаат повеќе војници во Авганистан гледано според бројноста на населението.
„Авганистанскиот народ никогаш и со ништо не му згрешил на македонскиот народ. Напротив. Затоа, ако навистина постои желба да му се помогне на авганистанскиот народ, единствено соодветно е Владата на Република Македонија да испрати храна за гладните, покрив за бездомници, лекови за болните со парите што ги троши за испраќање војници“, посочуваат од Движењето за социјална правда./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

