Контакт

Македонија

Загина 24-годишно момче во сообраќајка во Куманово

Објавено пред

Загина 24-годишно момче од кумановското село Опае, а уште четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Куманово.

Загина 24-годишно момче од кумановското село Опае, а уште четворица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Куманово.

Сообраќајката се случила на раскрсницата од булевар „Трета македонска ударна бригада“ и улица „Перо Чичо“ кога се судриле „Лада Самара“, управувана од четириесет и шест годишниот О.А. и „Застава југо“ управувано од деветнаесетгодишниот М.Л.

Петмината патници се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш биле префрлени во кумановската болница. Шуаб Љ. кој се возел во „Ладата“ починал на пат кон болницата.

Двајцата возачи, со тешки повреди, се префрлени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје , а со тешки повреди се здобиле и двајцата сопатници. /крај/со/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Царовска: Унапредувањето на стручното образование е наш приоритет, воведовме стипендии за бараните струки

Објавено пред

Посветено работиме за да се врати достоинството на средните стручни училишта, а учениците да ја сфатат нивната вредност, за да образуваме нови генерации млади луѓе барани на пазарот на труд, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, по посетата на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Министерката, заедно со в.д. градоначалникот Јане Миланов, со директорот и наставниците на основното училиште „Гоце Делчев“ разговараа за текот на наставата, а се сретнаа и со ректорот на УГД „Блажо Боев“.

„Стручното образование за МОН и за Владата останува висок приоритет. Со вложување во средното стручно образование создаваме граѓани коишто се работоспособни и директно може да се вклучат на пазарот на труд, но имаат и можност да се вклучат и во високото образование. Овие кабинети кои ги видов тука навистина даваат можност учениците да се стекнат со практични вештини. Интенцијата на МОН во наредниот период е преку тесна врска со компаниите да се обезбеди можност праксата да се изведува во компаниите или што поголем број училишта да се поврзат со компании и да се воспостави системот на дуално образование“, изјави Царовска.

Со тоа, третина од средното образование би се изведувало во реален производствен процес, а директното остручување им дава подобра стартна шанса на сите ученици кои завршуваат стручно образование.

„Оваа година ја променивме политиката за стипендирање и за првпат се воведоа стипендии за стручните училишта. На денешната владина седница се зголеми бројот на стипендии за електротехничката струка, затоа што имавме повеќе апликации. Од 9 се зголеми на 23 за да може да ги опфатиме сите ученици коишто сакаат да бидат стипендирани, а се од електро струката, којашто е значајна за целата индустрија во нашата земја“, нагласи министерката Царовска.

Од годинава воведени се ученички стипендии за избрани дефицитарни струки: машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка.

Министерката Царовска посочи дека посебно внимание се посветува на подобрувањето на условите во училиштата. Во средно училиште „Коле Нехтенин“ завршена е реконструкцијата на кровот, што е целосна инвестиција на Министерството за образование и наука во вкупен износ од 17,5 милиони денари. Во тек се градежни работи за реновирање на спортската сала во состав на училиштето, што се прави со средства од општината, со цел да се обезбедат подобри услови за физичко воспитание и образование на учениците.

И покрај здравствената криза, наставата се спроведува успешно. Теоретскиот дел учениците го следат онлајн, додека практичниот се реализира со физичко присуство, под здравствени протоколи и мерки.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

Објавено пред

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиуми на Македонија (СЕММ), а поради вчерашната реакција на ЗНМ и ССНМ во врска со попречувањето на работата на новинарите во кругот на ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

На состанокот министерот Филипче укажа дека не постои одлука од страна на Министерството за здравство да се попречува работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите во ниедна здравствена јавна установа во земјата.

„Инцидентот што се случил во изминатите денови во ‘8 Септември’ на кој не им беше дозволено на група на новинари да известуваат од пред влезот и паркингот на оваа болница е изолиран и за истиот се преземаат мерки да се расчисти и да се преземе одговорност од страна на лицата кои директно ја попречиле работата на новинарските екипи“, изјавил министерот Филипче.

Претставниците на новинарските организации ја поздравија одлуката на министерот Филипче да се преземат идни активности за решавање на овој случај и додадоа дека само преку заедничка и координирана активност помеѓу министерството и професионалните новинари ќе имаме гаранции за точни и навремени информации во врска со пандемијата во земјата.

На денешната средба помеѓу министерот и новинарските организации се надмина претходното недоразбирање, во однос на тоа дали постои формална одлука со која може да се ограничи јавниот простор на кој работат новинарите пред јавните здравствени објекти.

Министерот истакна дека новинарите можат и треба непречено да снимаат на сите јавни простори пред болничките установи во насока на професионално известување во однос на пандемијата.

Претставниците на ЗНМ, ССНМ и СЕММ, пак, уште еднаш истакнаа дека новинарите во своите известувања треба да се држат до етичките стандарди, почитувајќи ја приватноста на пациентите или нивните блиски, во склад со јавниот интерес.

Освен ова, присутните се согласија e потребно и во иднина да продолжи комуникацијата со цел да се превенираат слични ситуации кои можат негативно да се одразат на работата на новинарите, но и на здравствените установи и медицинскиот кадар.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

Објавено пред

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да реагираме одлучно. Во минатото често пати повторувавме дека не треба да се потпишуваат договори на егзебиционистички начин, договори чија содржина наместо да биде решение ќе претставува проблем. Тоа го зборувавме и кога се потпишуваше Договорот за пријателство и добрососедство со соседна Бугарија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестите кои се одржаа денеска пред платото на Владата, како и пред зградата на МНР.

„Морам да напоменам дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и другите влади преговарале за постигнување на еден таков договор, но никој буквално ни една влада не се осмелила да потпишат таков договор со таква содржина, бидејќи доколку вие во договор го ставите проблемот со  кој се оспорува потеклото, коренот на вашиот јазик, договор во кој се оспоруваат историските факти, и бидат фактички критериум за понатамошно ваше полноправно членство во ЕУ не е договор. И тоа никогаш нема да претставува договор кој ќе ја донесе Македонија во рамките на обединета Европа и дел од европското семејство, туку напротив претставува алатка на тие што се внатре континуирано да вршат уцена и терор врз македонскиот народ, врз македонската нација и врз македонската држава.

За жал, тоа не успеа да го види Зоран Заев и само политички аматер може да потпише еден таков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот на полноправно членство во рамки на ЕУ. Жалам што денеска ние не зборуваме за вештачка интелигенција,  подобар и поконкурентен здравствен систем, среќни земјоделци, млади коишто овде, во Македонија, ќе ја градат својата иднина и луѓе кои ќе сакаат тука да останат. Ние денеска зборуваме за исполнување на елементарното човеково право, а тоа е правото на самоопределување“, рече тој.

Според Мицкоски, гласот од страна на меѓународната заедница е таков дека работи што не треба да се преговараат треба да останата надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, како што се идентитетот, обичаите, историјата, јазикот, итн.

„За жал, овие понизни и сервилни политики на Владата предводена од Зоран Заев нè доведоа во една ваква ситуација, буквално помеѓу асимилација и интеграција. Затоа час поскоро оставка и затоа ги повикувам скопјани и утре со почеток во 15 часот заклучно со 16:30 да ни се приклучат овде пред платото на Владата, но и пред Министерството за надворешни работи повторно да го изразиме нашиот револт против овие политики коишто на таинствен начин ги води Владата на Зоран Заев. Оние преговори за кои Зоран Заев велеше дека се водат на ниво на работни групи, а, пак, оние гласноговорници на СДСМ поитаа да го демантираат Зоран Заев и да кажат дека нема такви преговори.

Народот заслужува да ја знае вистината, ВМРО-ДПМНЕ заслужува да ја знае вистината. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто денеска во рамките на Парламентот во комисијата за надворешни работи иницираше расправа за заеднички став, за заедничка позиција и консензус во преговорите коишто се дел од овој договор за добрососедство со нашиот источен сосед. Но, за жал,  од парламентарното мнозинство тој предлог беше одбиен и, за жал, уште еднаш го покажаа своето лицемерие во полн блесок“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион1 час

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија2 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија3 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија5 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион5 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија6 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет6 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет6 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет6 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет7 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет7 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија8 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Македонија16 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Свет18 часа

(Видео) Пензионери излегоа на улиците на Минск против Лукашенко

Стотина пензионери протестираа денеска во Минск барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко. Безбедносните сили во еден момент спречија...

Регион19 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија20 часа

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет20 часа

Се самоуби телохранителот на Путин

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата. „Вработен изврши...

Свет22 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Досие