Македонија
Полицијата се уште ги бара крадците на Комерцијална банка
Полицијата се уште трага по крадците кои утрово околу 8 часот ја ограбија експозитурата на Комерцијална банка на улица „Партизански одреди“ во трговскиот центар „Буњаковец“. МВР единствено располага со описот на изгледот на лицата.
Полицијата се уште трага по крадците кои утрово околу 8 часот ја ограбија експозитурата на Комерцијална банка на улица „Партизански одреди“ во трговскиот центар „Буњаковец“. МВР единствено располага со описот на изгледот на лицата.
„Единствено располагаме со опис на изгледот на лицата, односно висина и како биле тие облечени, но некакви подетални информации околу идентитетот на сторителите се уште немаме“ изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.
Грабежот се случил неколку минути, откако обезбедувањето на банката ги доставило парите кои им биле неопходни на вработените за дневно работење.
Откако обезбедувањето ја напуштило експозитурата, две лица маскирани со црни плетени фантомки под закана со пиштол побарале од вработените да им ги дадат сите пари со кои располагаат. Неофицијално, украле околу 58 илјади евра.
Парите ги ставиле во кеси за смет и ја напуштиле експозитурата по што заминале во непознат правец.
„Веднаш по добиената пријава МВР ги презеде сите неопходни мерки. Увидни екипи беа на терен, а се преземаат мерки за потрага во околината по лицата за кои што се претпоставува дека е можно, според описот како се облечени, да го извршиле разбојништвото“ вели Котевски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

