Македонија
Антикорупциска ќе има нов претседател?
Со цел да се овозможи редовна работа на Антикорупциска комисијата членовите го задолжиле секретаријатот на Комисијата кој функционира како стручна служба, по нивна иницијатива да закаже седница во четврток, за избор на нов претседател на Комисијата.
Со цел да се овозможи редовна работа на Антикорупциска комисијата членовите го задолжиле секретаријатот на Комисијата кој функционира како стручна служба, по нивна иницијатива да закаже седница во четврток, за избор на нов претседател на Комисијата. Најавите за именување на нов шеф на комисијата се уште не можат да се реализираат зошто на вчерашната седница освен поранешната претседателка Мирјана Димовска не се појави и нејзиниот колега Зоран Додевски. Членовите на Државната комисија за спречување на корупција во состав Цветко Мојсоски, Илми Селами, Љубинка Муратовска Марковска, Ариф Муса и Мане Колев, денеска изјавија дека веќе две недели воопшто не можат да остварат никаков контакт со нивните колеги. „Иако на 25 февруари и истече третиот мандат на претседателката Мирјана Димовска, со неа и со нашиот колега Зоран Додевски веќе две недели не можеме да оствариме никаков контакт“, рече Цветко Мојсоски . Еден месец оваа институција е блокирана во работата поради фактот дека нема формално назначен претседател, а во меѓувреме интерпелацијата на Димовска падна во Собранието и таа останува член на Комисијата. По парламентарната расправа таа престанала да се појавува на работното место со објаснување дека е отсутна од здравствени причини. Според законските измени донесени по првата година од функционирањето на Комисијата, нема ограничување колку пати некој може да биде назначен за претседател. Извори од Комисијата велат дека Илми Селами ќе биде назначен за нов претседател./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

