Македонија
Бендевска: Го повикувам Божиновски да направиме заеднички јавен увид
Пратеничката Весна Бендевска, го повика денеска на заеднички јавен увид, генералниот секретар на Влада Кирил Божиновски, откако тој ги отфрли обвинувањата упатени од нејзина страна дека земал плата од две места.
Пратеничката Весна Бендевска, го повика денеска на заеднички јавен увид, генералниот секретар на Влада Кирил Божиновски, откако тој ги отфрли обвинувањата упатени од нејзина страна дека земал плата од две места.„ Мојата документацијата со која располагам и документацијата што ја нуди Кирил да ја гледаме исклучиво во присуство на сите медиуми од Република Македонија. Се само со една цел јавноста да биде информирана за вистинските факти околу начинот на вработување на Кирил Божиновски“, истакна пратеничката Весна Бендевска од СДСМ.Божиновски претходно во писмената реакција ги демантираше вчерашните обвинувања дека тој се води како вработено лице и во Владата на Република Македонија и во Собранието и дека зема две плати и дополнителни парични средства од новоформираната државна лотарија и македонски железници. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

