Македонија
Специјализирана компјутерска опрема за учениците со хендикеп
Учениците со посебни потреби од годинава ќе добијат специјализирани хардвери како и софтвер програми со кои ќе можат непречено да ја следат образовната настава во основните училишта.
Учениците со посебни потреби од годинава ќе добијат специјализирани хардвери како и софтвер програми со кои ќе можат непречено да ја следат образовната настава во основните училишта.
Програмата „Еднаков пристап за еднакви можности“ е во организација на Здружението „Отворете ги прозорците“ и УСАИД, кои во наредниве две години ќе ги доопремуваат постоечките компјутери во основните училишта со специјализирани мауси (глувчиња), тастатури, џојстик управувачи и софтверски програми.
Овој проектот има за цел да овозможи брз и едноставен пристап до информациската технологија за над 200 ученици со посебни потреби.
„Сакаме да покажеме со овој проект дека асистивната технологија ќе овозможи поефективно образование за оваа категорија на деца. Оваа технологија ќе го олесни пристапот, ќе создаде еднакви можности при што самиот хендкеп станува неважен. Сите лица ќе имаат пристап до информациската технологија“, изјави претседателката на здружението „Отворете ги прозорците“ Лидија Крстевска Дојчиновска.
Директорот на мисијата на УСАИД истакна дека оваа програма истовремено ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на лицата со хендикеп на пазарот на труд.
„Оваа програма ќе овозможи за првпат учениците со хендикеп во Македонија да го следат редовниот образовен процес по светски стандарди. Преку асистивната технологија учениците ќе може да ги применат своите способности во потрага по знаења и вештини“, рече Мајкл Фриц, директор на мисијата на УСАИД.
Поддршка за програмата даде и министерот за образование и наука Никола Тодоров, кој вети дека во најкус временски рок ќе се постават и останатите компјутери кои сеуште стојат во училишните подруми.
Со цел да биде непречено и квалитетно реализиран овој проект, паралелно е предвидено да се вршат и обуки на наставниците за новата асистивна технологија.
УСАИД за програмата „Еднаков пристап за еднакви можности“ донираше 200.000 илјади долари./крај/рќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

