Македонија
Македонија да го примени европското искуство за обновливи извори на енергија
Македонија може да го искористи европското искуство со употребата на обновливи извори на енергија, но мора тоа да го адаптира на овдешните услови, изјави Ралф Бергман, експерт од областа на животната средина, кој ги пренесе искуствата на Федералната држава Саксони Анхалт во Германија.
Македонија може да го искористи европското искуство со употребата на обновливи извори на енергија, но мора тоа да го адаптира на овдешните услови, изјави Ралф Бергман, експерт од областа на животната средина, кој ги пренесе искуствата на Федералната држава Саксони Анхалт во Германија.
На денешната расправа на тема „Обновливи извори на енергија – дали може германското искуство да биде корисно за Република Македонија“, во организација на Националниот совет за евроинтеграции и Фондацијата „Фридрих Еберт“, Бергман соопшти дека од вкупната потрошувачка на енергија во Саксони Анхалт, 45 отсто е од обновливи извори.
Наташа Марковска од Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали при МАНУ рече дека национална цел на Македонија е да достигне 20,5 отсто од севкупната потрошена енергија да биде произведена од обновливи извори.
„Најоптимистички пресметки се дека до 2020 година ние би можеле да произведуваме 24,3 отсто енергија од обновливи извори, а најпесимистички таа бројка би изнесувала 18 отсто, рече Марковска и додаде дека обновливата енергија во Македонија најмногу ќе се темели на хидроелектраните и биомасата.
Професорот Рубин Талески рече дека Македонија веќе користи дел од искуствата на ЕУ за обновливите извори на енергија, а тоа е механизмот на повластени тарифи со кој се регулираат повисоките трошоци за производство на ваков вид на енергија.
Претседателот на „Македонски зелен центар“ Методија Саздов нагласи дека треба да се инвестира во реконструкција на државни објекти со цел да се намали вкупната потрошувачка на енергија и да се зголеми енергетската ефикасност во земјата . Тој истакна дека најважно е тоа кој проект ќе биде избран, како ќе биде финансиран истиот и дали е исплатливо да се земе кредит од светските институции.
На дебатата беше заклучено дека Македонија треба да се фокусира на постигнување на европските директиви кои налагаат до 2020 година најмалку 20 отсто од потрошената енергија да биде добиена од обновливи извори, но и дека треба прецизно да се утврди во каков вид на обновлива енергија е најисплатливо за се инвестира./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

