Контакт

Македонија

Запленети 26 килограми хероин

Објавено пред

Полицијата попладнево во рамките на операцијата „Босфор“ пресече уште еден меѓународен канал за криумчарење дрога, при што досега приведе четири лица, македонски државјани и заплени околу 26 килограми високо квалитетен хероин

dobivaj vesti na viber

Полицијата попладнево во рамките на операцијата „Босфор“ пресече уште еден меѓународен канал за криумчарење дрога, при што досега приведе четири лица, македонски државјани и заплени околу 26 килограми високо квалитетен хероин

Хероинот, според првичните информации со кои располага МВР, бил сокриен во детска постелнина, а шверцот се одвивал на релација Турција – Македонија – Косово.

Македонската полиција ја продолжува операцијата и е во контакт со косовската полиција околу обезбедување на идентитетот на нарачателот на хероинот. /крај/со/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на премиерот на Косово

Објавено пред

Од

Посебен режим на сообраќај денеска ќе биде воведен во Скопје поради посета на премиерот на Косово, Албин Курти.

dobivaj vesti na viber

„Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје“, соопшти МВР.

Од таму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

Објавено пред

Од

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработување, соопштија од Левица.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, со оваа одлука, за првпат сериозно се нарушува долгогодишниот механизам на партиска контрола врз јавното здравство и се отвора пат кон систем заснован на знаење, стручност и професионални критериуми.

„Предложените законски измени ја затвораат правната празнина што со години ја легитимираше практиката на селективни и однапред договорени вработувања, дозволувајќи најквалитетните кандидати да бидат системски исклучувани. Наместо дискреционото право на директорот, сега воведуваме обврска за почитување на ранг-листите при секој јавен конкурс. Ова е суштински чекор кон департизација на јавното здравство и кон враќање на достоинството на медицинската професија. Државата конечно добива можност да го задржи најдоброто што го создава, наместо да го извезува поради неправда и клиентелизам“, велат од Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Објавено пред

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на денешниот протест за 600 евра минимална плата и зголемување за најмалку 100 евра на останатите плати. Објасни дека не им посакува добро утро на пратениците оти две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикати за зголемување на работничките плати.

dobivaj vesti na viber

Како што најавија, работниците ги блокираа пристапите со автомобил во Собранието, но не ги принудија пратениците пеш да дојадат на работа оти паркингот беше полн кога почна протестот, пратениците утрово подранија на работа.

„Како што им ветивме денска по 21 човек на две локации ги блокираме за да не можат да дојдат со сопствените возила на работа, како што одат. Да не можат да наплатат трошоци како да трошат керозин и да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз на своите работни места. Моите информации се дека голем дел пратеници станале рано утрово, за да дојдат пред девет часот на работа, за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од нив“ рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој од улица направи пресметка колку ќе се зголемат пратеничките плати.

„Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна, пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2% колку што пресмета гувернерот на Народна банка дека се зголемила просечната плата во 2025 година  туку и за 12,6% затоа што голема е веројатноста уставниот суд да ја укине уредбата на Владата од претходната година, што ќе каже дек ана 100 или 120 илјади денари добиваат 21% зголемување на нивните плати. Да биде срамот за нив уште поголем тие се подготвени нивните плати, односно коефициенти да ги намалат за 9 %, да не се зголемат, само за да не ги зголемат платите на работниците“ , рече претседателот на ССМ, Трендафилов и кажа дека блокадата ќе трае до 11 часот , кога треба да почне седницата во Собранието.

„Голем дел пратеници станале рано утрово, за да дојдат пред девет часот на работа, за да не се соочат со работниците“, рече Трендафилов

Побара пратениците денес на седницата да предложат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати работнички плати за најмалку 6.000 денари или за разликата од претходната минимална плата и новата минимална плата која ќе ја изгласаат.

Доколку не го направат тоа, Трендафилов најави дека како што вети, ССМ собере 10.000 потписи, ќе им стане овластен предлагач, и ќе предложи намалување на пратеничките и функционерските плати.

„Не осудуваа дека иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати за 80% била неуставна затоа што ќе дошле на минималец, па сфатиле колку тешко ќе живеат на минималец па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат нивните, онака високи, пратенички плати, но прашуваме оттука јасно и гласно, како тоа ако ги намалат за 9,2% коефициентите ќе биде уставно, а неуставно ќе биде да ги намалат за 80% нивните коефициенти и да ја сменат нивната основица да биде минимална плата наместо сегашната просечна плата“, објасни Трендафилов.

Во четврток, на ист начин, работниците ќе ја блокираат Стопанската комора, а во вторник и Владата.

„Се надевам дека претседателот на Владата и министрите, кои не се излезени од службените автомобили, ќе тргнат пешки до своите работни места и ќе поминат покрај работниците. Покрај 21 работник на две локации пред Владата, за да не можат да дојдат со службените автомобили. Се надевам дека Владата нема да избега како што кукавички избегаа денес пратениците кои денес многу рано станале, можеби и за првпат во нивната пратеничка кариера и дошле на своите работни места пред осум часот, според нашите информации“, рече Трендафилов.

ССМ смета дека за денес пратениците не смеат да побараат патни трошоци и најави дека ќе бара известување од Собранието за тоа кој побарал да му се покријат трошоците за патување до работа денес.

„Ќе се обратиме и до претседателот на Собранието како информација од јавен карактер да не извести кој е тој алчен пратеник кој за денешниот ден ќе наплати 100, 150 или 200 евра затоа што доаѓа на работа“, рече Трендафилов.

Се заблагодари на големиот број полицајци за кои рече дека биле принудени да мрзнат на ладното со работниците и да ги чуваат пратеници кои и нивните плати не сакаа да ги зголемат.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија58 минути

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет1 час

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија2 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија3 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија3 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет3 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет4 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет5 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет5 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа6 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет6 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет6 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет17 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија18 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија18 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија20 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ23 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија1 ден

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...