Македонија
Трибина: „Македонија ја губи битката со кодошите“
Со одлуките на Уставниот суд, Македонија ја губи битката со кодошите, беше оценето на денешната трибина на тема „Лустрацијата во Република Македонија.“
Со одлуките на Уставниот суд, Македонија ја губи битката со кодошите, беше оценето на денешната трибина на тема „Лустрацијата во Република Македонија.“Експерти кои земаа збор на дебатата беа: Александар Дамовски – новинар; Зоран Петрески – пратеник на ВМРО ДПМНЕ; Стојан Андов – пратеник на ЛП на Македонија; Зоран Тодоровски-историчар и директор на Државниот архив на Р.Македонија, Силвана Бонева- пратеничка на ВМРО ДПМНЕ; Проф. Звонимир Јанкуловски – експерт за човекови права и Илија Максимовски – новинар.Стојан Андов, предлагачот на Законот за лустрација, истакна дека е незадоволен од одлуката на Уставниот суд на Р.Македонија да се лустрира до ноември 1991 година, кога е донесен новиот Устав на Република Македонија, а не до 2008 година како што предвидува законот, и додаде дека за да се создадат нормални политички услови во државата, мора комплетно да се расчисти со лустрацијата, односно и’ со периодот по 1991 година.„Уставниот суд поаѓа од една претстава дека со донесувањето на Уставот, државата треба да престане да делува и со магично стапче ќе ги реши сите проблеми,“ рече Андов и истакна дека во моментот постои политички спор помеѓу Уставниот суд на Р. Македонија и Собранието на Р. Македонија.Александар Дамовски вели дека целата ситуација покажува колку всушност на Македонија и е потребно расчистување со лустрацијата. Професорот и експерт за човекови права, Звонимир Јанкуловски, смета дека Уставниот суд испраќа порака до граѓаните дека „одредени луѓе не’ се исти со останатите“. Според Јанкуловски, земјата имала најмолчаливо општество во процесот на декомунизација и истакна дека ако процесот на лустрација не заврши, Македонија нема да оди напред. „Ова ќе ја зацементира состојбата во делот на човековите права, и Македонија ќе остане во статус кво позиција,“ рече тој.Пратеничката Силвана Бонева изјави дека постојат многу докази за „шпионажата“ од страна на одредени структури кои се дел од „испреплетената пајаковата мрежа“ во општеството, и тие продолжиле со својата активна „работа“ и по осамостојувањето на Македонија и затоа лустрацијата мора да се спроведе и во периодот по 1991 година.Дебатата на тема „Лустрацијата во Република Македонија“ беше во организација на Институтот „Павел Шатев“. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.