Македонија
Обама со благодарност до Иванов за македонското учество во ИСАФ
Американскиот претседател Барак Обама испрати писмо со благодарност до својот македонски колега Ѓорге Иванов поради испраќањето на дополнителен контингент војници и обучувачи во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан.
Американскиот претседател Барак Обама испрати писмо со благодарност до својот македонски колега Ѓорге Иванов поради испраќањето на дополнителен контингент војници и обучувачи во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан. Покрај останатото, Обама го охрабрува процесот за решавање на спорот со името со Грција и зачленување на Македонија во евро-атлантските структури. „Ви пишувам со цел да ја искажам мојата благодарност за дополнителните војници и обучувачи кои Република Македонија планира да ги испрати во Авганистан. Со ваквиот придонес, сега Република Македонија е една од земјите со најголемо учество во ИСАФ според бројот на војници. Посакуваме натамошен успех на Вашиот контингент во својата мисија. Го цениме постојаното партнерство на Вашата земја во одговорот на нашите заеднички предизвици, не само во Авганистан туку и на други места ширум светот, вклучително во Босна и Ирак. Ве охрабруваме да продолжите да работите преку процесот на ОН на решавање на прашањето околу името што е можно поскоро со што Вашата земја ќе може да се придвижи во исполнувањето на своите евроатлантски аспирации“, се вели во писмото од претседателот Обама. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.