Македонија
Скопјанец украл 300 илјади денари
Дваесет и осумгодишниот Б.П. од Скопје е осомничен дека во четири наврати извршил кривично дело “тешка кражба“, соопштуваат од полицијата.
Дваесет и осумгодишниот Б.П. од Скопје е осомничен дека во четири наврати извршил кривично дело “тешка кражба“, соопштуваат од полицијата.
Осомничениот, според полицијата се стекнал со противправна имотна корист од 293.000 денари, а Истражен судија му одреди мерка притвор од 30 дена.
Кражбите ги извршил во јануари и февруари годинава во интернет-кафе, игротека, канцеларии и во студио за дизајн на мебел.
Според полицијата Б.П. е познат сторител на имотни деликти, а покрај овие кражби се сомничи за уште 10 тешки кражби, но во тек е постапката за докомплетирање на случајот./крај/мвр/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

