Македонија
Груевски на камен темелникот на новата индустриска зона во Штип
Денеска се отпочнува со подготвителни работи за изградба на една од најголемите технолошки-индустриски развојни зони во земјава во која ќе се обезбедат услови за изградба на 50-ина
Денеска се отпочнува со подготвителни работи за изградба на една од најголемите технолошки-индустриски развојни зони во земјава во која ќе се обезбедат услови за изградба на 50-ина фабрики и ќе се вработат над 10 илјади луѓе.
Со овие зборови премиерот Никола Груевски денеска во Штип го означи почетокот градежните работи на една од најголемите индустриски зони во земјава.
“Со денешниот камен темелник го одбележуваме почетокот на првата фаза од изградбата на инфраструктурата која опфаќа изградба на главната сообраќајница во должина од 2,2 километри, изведба на водоводна инсталација, на атмосферска и фекална канализациона мрежа. Овие активности планираме да се завршат во рок од една година и за нив ќе бидат инвестирани повеќе од седум милиони евра, истакна премиерот Груевски.
Меѓудругото премиерот нагласи дека дополнителен мотив за привлекување на инвеститори е и добрата транспортна поврзаност на оваа зона која се наоѓа во близина на железничката пруга и новиот автопат во Штип.
Задоволство од почетокот на градежните работи изразија и вицепремиерот Владимир Пешевски, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Марјан Иванов, митрополитот г.Иларион и градоначалникот на општина Штип Зоран Алексов.
Премиерот Груевски денеска ќе присуствува и на свеченоста по повод денот на основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а ќе ги пушти во употреба и спортската сала изградена од Агенцијата за млади и спорт, како и интернетот во собите во Студентскиот дом во Штип./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

