Контакт

Македонија

Започна летното сметање на времето

Објавено пред

Со поместување на часовниците за еден час нанапред, ноќеска започна летното сметање на времето.

Со поместување на часовниците за еден час нанапред, ноќеска започна летното сметање на времето. Летното сметање на времето започна на  28-ми март во 02:00 часот по полноќ, кога со поместување за еден час нанапред времето во 02:00 часот започна да се смета како  03:00 часот. Летното сметање на времето ќе трае до 31 октомври. /крај/со/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс кој треба грижливо да го собираме

Објавено пред

На денешниот видео настан организиран од Фондацијата „Информација и заштита на природата” (ФИЗП), Подружница во Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) се презентираа резултатите од проектната активност „Заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели”.

Проектната активност има за цел да се направи оценка на состојбата и да се идентификуваат расположивите количини за одржливо користење на мечкино грозје (Аrctostaphylos uva-ursi), растение кое интензивно се собира од природата.
Споредено со развиените западно-европски земји, Северна Македонија има богата биолошка разновидност, поради различните климатски услови присутни на оваа релативно мала територија, како и самата положба, но и добро зачуваните природни екосистеми. Има повеќе од 700 видови лековити и ароматични растенија (ЛАР) од кои најчесто се користат околу 220. Околу 75-80% од лековитите растенија и бобинки во Република Северна Македонија, како и во повеќето балкански земји, се собираат од природата. Дел од ова природно богатство е од голема важност и за локалната економија, бидејќи повеќе од 50 000 семејства или 200 000 луѓе (просечно четиричлено семејство) имаат дополнителен приход од нивно собирање. Дури една четвртина од локалното население може да живее од споредните шумски производи, ако тие се обработуваат во близина на местото од кое се собрани.

Мечкиното грозје се смета за едно од највредните диви растенија и за природата и за локалната економија. Во Република Северна Македонија тоа не е опфатено во Листата на строго заштитени и заштитени диви видови и не е под забрана за собирање. Популацијата на мечкино грозје во Република Северна Македонија е единствениот извор на оваа суровина во регионот. Во сите соседни земји е заштитен вид и е забранет за комерцијално собирање. Економски развиените западни членки на ЕУ, одамна, толку многу го оштетија нивниот биодиверзитет што скоро нема што да се собере од дивината. Германија, Италија, Франција и други увезуваат билки, печурки, бобинки, лишаи од нашиот регион и ги преработуваат со што се создаваат работни места за нивните луѓе и индустри. Сепак, тие немаат проблеми со зачувување на дивите живеалишта на тие растенија бидејќи традициите за собирање скоро исчезнаа и нема притисок врз дивите живеалишта. Од оваа причина во ЕУ не постои посебно законодавство кое се грижи за зачувување на лековити растенија, габи и сл. Затоа Балканските земји не можат да се потпрат на Европската Комисија бидејќи старите земји-членки немаат такви проблеми.

Искуствата од соседна Бугарија кажуваат дека е наша одговорност, на владите и луѓето од нашиот регион да го развиеме и спроведеме нашето национално законодавство кое ќе ги зачува вредните видови кои воедно се важни ресурси за локалниот економски развој. Во таа насока препораките се Северна Македонија да има свои системи на рано предупредување, контрола, санкции и поддршка за одржливо користење на ресурсите на диви растенија кои се собираат од природата.

На настанот се презентираа заклучоци и препораки во корист на зачувување и одржлива употреба на мечкиното грозје. Главното укажување беше дека природните ресурси не растат во неограничени количини и потребна е заедничка акција од сите инволвирани институции во нивната одржлива употреба. Во таа насока, беше спомената кампањата за подигнување на јавната свест под мотото „Грижливо собираме”, спроведена во рамките на истиот проект.
Настанот иницираше дискусија на различни заинтересирани страни како најефикасно да се подобри заштитата на дивите видови растенија кои се собираат за трговски цели.

Проектна активност се имплементира во рамки на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање за користење на земјиштето”. Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), се спроведува преку УНЕП, главен партнер и корисник е МЖСПП додека локален партнер во спроведувањето на оваа проектна активност е Фондацијата „Информација и заштита на природата”- ФИЗП, Подружница во Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи и Филипче ги информираа амбасадорите за состојбата со коронавирусот во земјата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организираше заеднички видео-брифинг со Министерот за здравство Венко Филипче со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисииакредитирани во Скопје.

Целта на брифингот беше да се информираат Амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и за различните сетови на мерки кои ги презема Владата за справување со пандемијата.

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на Ковид-19“, истакна Османи.

„Особено сме благодарни до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност имеѓудржавната соработка бидејќи пандемијата не научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана“, нагласи Османи.

Министерот за здравство Филипче ги информираше Амбасадорите подетално за последните случувања во однос на справувањето со КОВИД-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија достави кандидатура за претседавање со ОБСЕ во 2023 година

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше брифинг со амбасадорите на земјите учеснички во ОБСЕ, акредитирани во земјата, на кој беше поднесената кандидатура на Република Северна Македонија за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

„Имаме визија преку нашето претседателство да создадеме можност за етаблирање на Република Северна Македонија како активен чинител во сферата на регионалната и пошироката безбедност и процесите на мирољубива соработка во Европа, што секако е наша заложба и во контекст на актуелното членство во НАТО и идното во ЕУ. Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе кон едно ново, подобро меѓународно позиционирање на Република Северна Македонија, како конструктивен актер и контрибутор во промоцијата и заложбите на ОБСЕ, концептот на сеопфатната безбедност преку трите димензии во кои организацијата делува“, потенцираше Османи.

Османи информираше дека Северна Македонија во последните неколку години постигна голем напредок во насока на целосно почитување на заедничките вредности врз кои почива ОБСЕ како што се човековите права, демократијата и владеењето на правото, како и во развојот на моделот на мултиетнички односи што е констатирано во сите релевантни меѓународни извештаи.

Османи информираше дека е доставено официјално писмо за кандидатурата на РСМ за претседавање со ОБСЕ во 2023 година до премиерот и министер за европски и надворешни работи на Албанија, и претседавач со ОБСЕ Еди Рама, со цел донесување на формална одлука за претседавањето на претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ во Тирана, што ќе се одржи на 3-4 декември и на која очекуваме истата да биде потврдена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура3 часа

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа4 часа

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет4 часа

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија4 часа

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Регион4 часа

Од денес стапува во сила полициски час во Црна Гора

Во Црна Гора од денес угостителските и услужните објекти ќе работат од 7 до 18 часот, а забраната за напуштање...

Европа5 часа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите што најдобро се справуваат со пандемијата...

Свет5 часа

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет6 часа

Бајден: Сè уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, изјави дека сè уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет6 часа

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет6 часа

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет6 часа

Голем метеж на аеродромите и во центрите за тестирање во САД во пресрет на Денот на благодарноста

Метежот на аеродромите и редиците пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија18 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет19 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет19 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија19 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа20 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет21 час

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт21 час

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Досие