Македонија
Еден загинат двајца повредени по пукотници во Гостиварско
Едно лице им подлегна на повредите, а уште двајца други се повредени по престрелка која претпладнево, околу 11.35 часот се случи во гостиварското село Неготино.
Едно лице им подлегна на повредите, а уште двајца други се повредени по престрелка која претпладнево, околу 11.35 часот се случи во гостиварското село Неготино.
За време на пукотниците застрелани се браќата К.С. и М.С. и двајцата од селото Ломница, додека повреден бил случаен минувач А.Ф. од гостиварско село Добри Дол.
Според информации од СВР Тетово трите лица се здобиле со прострелни рани од пиштол.
Повредените биле итно пренесени во Гостиварската болница, каде К.С. им подлегнал на повредите, а М.С. и А.Ф. во тешка состојба се пренесени на Скопската клиника.
Според првичните информации на пукањето му претходела вербална расправија со непознато лице кое, според сеуште непотврдени информации е тој што пукал кон браќата .
Увидот на самото место сеуште трае соопштуваат од Тетовската полиција. /крај/сс/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

