Македонија
Фондот за здравство одлучува за капитациониот бод на матичните лекари
Фондот за здравствено осигурување денеска на седница на Управниот одбор одлучува дали ќе се намали капитациониот бод на матичните лекари од 50 на 45 денари по пациент.На седницата дојдоа и претставниците на лекарската комора, кои се противат на ваквата мерка.
Фондот за здравствено осигурување денеска на седница на Управниот одбор одлучува дали ќе се намали капитациониот бод на матичните лекари од 50 на 45 денари по пациент.
На седницата дојдоа и претставниците на лекарската комора, кои се противат на ваквата мерка.
„Нашите аргументи ќе ги изнесеме на маса и ќе победат аргументите и мислам дека управниот одбор нема да ја изгласа оваа одлука“ изјави Стоја Стојмановски, претседател на Здружението на приватни лекари, пред седницата.
Тој додаде дека економските аргументи се на нивна страна.
„Зафаќање на капитација на буџетот било 13,6 отсто во 2000 година, сега е паднато на 8 отсто. Тоа е огромно намалување во делот на буџетот. Ако тогаш бил 230, а сега 320 милиони евра, од минатата година остануваат 90 милиони евра кои одат во јавното здравство“ додаде Стојмановски.
На средбата дојдоа и претставници на стоматолошката комора кои изразија незадоволство што не добиле покана за седницата. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

