Македонија
Повреден работник во „Злетовица“

Работник од Пробиштип вчера околу 12 часот бил затрупан од земја при ископ на канал за цевковод од хидросистемот Злетовица.
Работник од Пробиштип вчера околу 12 часот бил затрупан од земја при ископ на канал за цевковод од хидросистемот Злетовица.
Работникот на пробиштипската фирма “Ивко пром“, М.Т.(43) од село Драч кај местото Стари лозја копал канал за цевковод кога земја се одронила во каналот длабок 2,75 метри, а широк 1,10 метри.
Повредениот работник бил пренесен најпрвин во болницата во Пробиштип, а потоа бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.
Македонија
(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад во Трубарево. Иако само еден час претходно имале интервенција во населбата Лисиче, огнената стихија била брзо ставена под контрола, а соседните објекти биле изолирани од опасност од опожарување, информира командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски.
„Побаравме помош од Главниот штаб, а значајна поддршка добивме и од Окта со хемиска пена и од Макпетрол. Нашите резерви беа потрошени во првичниот удар. Активирани беа сите капацитети и на Комунална хигиена. Беше испратена дополнителна механизација и камиони со песок за да се спречи црниот чад кој се гледаше оддалеку,“ изјави Томевски.
Тој додаде дека пожарот е под контрола и се вршат дополнителни проверки за евентуални остатоци од горењето.
Интервенцијата ја оцени како успешна.
„Вакви пожари се тешки за гаснење, но успеавме да го ставиме под контрола, што беше изненадување и за мене“, рече Томевски.
Додаде и дека мирисот е намален и се надева оти до крајот на денот ќе престане исчадувањето.