Македонија
Денеска по петти пат ден на дрвото, ќе бидат засадени 7,5 милиони садници

Во рамките на големата акција за пошумување, а по повод Денот на дрвото, на која што е предвидено денеска на стотина различни локации низ државата да се засадат околу 7,5 милиони млади садници, ќе учествуваат и челните луѓе на Министерството за внатрешни работи.
Во рамките на големата акција за пошумување, а по повод Денот на дрвото, на која што е предвидено денеска на стотина различни локации низ државата да се засадат околу 7,5 милиони млади садници, ќе учествуваат и челните луѓе на Министерството за внатрешни работи. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе засади дрво во месноста Рудине, во склоп на резерватот “Јасен“ при ЈП “Јасен“, а пак во истовреме државниот секретар при МВР, Виолета Андоновска, ќе засади садница во месноста викана Зад коријата, крушевско. Во рамките на акцијата “Денот на дрвото – засади ја својата иднина”денеска министерот за одбрана, Зоран Коњановски ќе ја посети општина Ресен и ќе пошумува на локација во местото викано “Сливница”. На оваа локација во акцијата ќе се вклучат и градоначалниците на општина Ресен, Михаил Волкановски и општина Пустец, Едмонд Темелко. Во рамките на акцијата, заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев ќе пошумува во општина Пробиштип, во местото викано “Зад Костомар’ а државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров ќе пошумува во местото викано “Корија над Водна скала”.Mинистерот за образование и наука Никола Тодоров ќе засади дрвја во месноста викана “Под село“, Крива Паланка, додека државниот секретар Елизабета Тодоровска ќе земе учество на пошумувањето во месноста Езеро Младост – с. Каласлари. Акцијата ќе се одржи по петти пат, иницијатор на ова масовно пошумување е македонскиот тенор Борис Трајанов . Акцијата е финансирана од Владата. Според организаторите овие активности од следната од ова пролет ќе ги спроведат и Албанија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули) се активира фаза 3, што ќе трае до 08 јули, вторник.
На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:
– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).
-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;
– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;
-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;
-Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.
Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност.
Македонија
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје, неконтролирано се вадат бавчи и перат автомобили, велат од Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.
Конкретно на ден 23 јуни, дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.
Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени. Воедно апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата.
„Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk“, велат од Водовод.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
Македонија
Костадиновски на средба со Мартин Памер за предизвиците со кои се соочува Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија.
Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за што претседателот Костадиновски предаде покана за претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер.
Амбасадорот Памер истакна дека ќе се заложи за воспоставување на билатерална соработка меѓу двата суда, нагласувајќи дека високо ја цени посветеноста на Уставниот суд на Република Северна Македонија кој има круцијална улога во обезбедување на владеењето на правото и правната држава.