Македонија
Иванов:Грција да го промени односот кон соседите

Потребни се промени во односот на Грција кон соседите, а не смени, оцени денеска претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ги антимакедонските и антиалбанските пароли на парада на грчката армија.
Потребни се промени во односот на Грција кон соседите, а не смени, оцени денеска претседателот Ѓорге Иванов, коментирајќи ги антимакедонските и антиалбанските пароли на парада на грчката армија. Според Иванов, ова не е прв случај пред државниот врв на Грција да се извикуваат непријателски пароли кон соседните народи. Македонскиот претседател рече дека за инцидентот синоќа имал и телефонски разговор и со албанскиот претседател Бамир Топи. „Во денешно време, една членка на Европската унија и НАТО сè уште има припадници на безбедносните сили кои искажуваат говор на омраза“, рече Иванов. /крај/ме/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).