Контакт

Македонија

Тодоров: Целта на екстерното оценување не е да се казнат наставниците

Објавено пред

Целта на екстерното оценување не е да се казнат наставниците, целта на овој концепт е да се зголеми квалитетот на образованието.

Целта на екстерното оценување не е да се казнат наставниците, целта на овој концепт е да се зголеми квалитетот на образованието.

Ова денеска го изјави министерот за образование Никола Тодоров во врска со концептот за екстерно оценување.

„Казните не се предвидени веднаш. Ние имаме предвидено период во кој ќе дадеме стручна и советодавна помош на наставниците. Целта на овој концепт не е да се казнат наставниците целта на овој концепт е да се зголеми квалитетот на образованието“, изјави Тодоров.

Тој смета дека со овој концепт на некој начин ќе бидат заштитени наставниците од било какви надворешни влијанија и притисоци.

И премиерот Никола Груевски смета дека екстерното тестирање ќе придонесе за зголемување на квалитетот на образованието.

„И професорите и наставниците ќе бидат повеќе мобилизирани да ги натераат децата да научат повеќе, а децата ќе бидат исто така повеќе мобилизирани да го зголемат своето знаење“ изјави Груевски. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дождливо со температура до 11 степени

Објавено пред

Времето ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат в недела во текот на ноќта и в понеделник претпладне.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода делови на Кисела Вода

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради реконструкција на водоводна мрежа ф-2 на „Вера Јоциќ“ 14, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица и од „Георги Димитров“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со активностите (општина Кисела Вода).

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Апокалипса му се случува на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски, кој сам се прогласи за хистеричен. Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија за економијата, апокалиптични сценарија  здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо. А кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, Христијан Мицкоски е единствениот што посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина.

„Исто како што се однесуваше за време на пандемијата на коронавирусот – деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во однос на државните и националните интереси. Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет11 час

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт12 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија12 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија14 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија16 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет17 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија18 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија19 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија19 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија19 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија19 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет20 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион20 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет20 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион21 час

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија21 час

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет23 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет24 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Досие