Македонија
Пролетен ден: Сите за еднаков свет
Денеска во ЕУ ИНФО ЦЕНТАР – Делегација на Европска Унија ќе се одржи Аукција на уметнички дела изработени од учениците со посебни потреби и оштетен вид од училиштата ДУРДМОВ “Димитар Влахов” и ПОУ “Д-р. Златан Сремец” за “Пролетниот ден во Европа” со наслов Сите за еднаков свет!.
Денеска во ЕУ ИНФО ЦЕНТАР – Делегација на Европска Унија ќе се одржи Аукција на уметнички дела изработени од учениците со посебни потреби и оштетен вид од училиштата ДУРДМОВ “Димитар Влахов” и ПОУ “Д-р. Златан Сремец” за “Пролетниот ден во Европа” со наслов Сите за еднаков свет!. Аукцијата ќе ја отворат Ерван Фуере, Евроамбасадор на Делегација на Европска Унија и Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија.
Поканети се амбасадори, министри и бизнисмени кои активно ќе земат учество во аукцијата. Уметничките дела со почетна цена од 500 денари и ќе бидат наменети за Училиштата.
Поддржувачи на Пролетен ден во Европа 2010 се: Претседателот на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија, Град Скопје, Општина Центар, Министерство за внатрешни работи.
Генерален спонзор е T-Mobile, а покровител е Mc Donald’s и сендвичарница 7ца.
За прв пат овој настан беше инициран од Претседателот Борис Трајковски. Традицијата продолжува!
Се надеваме дека и Вие со вашето присуство и медиумско покривање ќе дадете придонес во одбележувањето на “Пролетниот ден во Европа” и инклузијата на луѓето со посебни потреби.
На традиционалните организатори AЕГЕЕ-Скопје, Балкан Идеа, МОФ и Млади Европски Федералисти, годинава се приклучува и Федерација на млади-Скопје, здружение на 12 невладини младински организации: Млади за млади, АИЕСЕК, ЕМСА, ИАЕСТЕ, ХЕРА, ССФОН, ЕЛСА, АЕГЕЕ, КОПРУ, БЕСТ, ЕЕСТЕК, БЛУ СКАЈ.Настанот се случува истовремено во повеќе Европски градови и е традиција почитувана и во нашата земја. Целта на “Пролетен ден во Европа” е да се претстави платформа за младите, преку која им е дадена шанса за искажување на нивната хуманост и чуство за давање помош на оние на која им е најпотребна. Воедно, 2010 година е прогласена за година на хуманост и социјална грижа на Европско ниво, со што им се дава можност на млaдите од Република Македонија да го доживеат и да се приклучат на европскиот начин на живот, но и да ја искажат својата определба за европска Македонија./крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

