Македонија
ТВ Топ Канал: Скопје бара сојузник во Тирана
“Скопје бара сојузник во Тирана за заедничка осуда на расистичките антимакедонски и антиалбански пароли извикувани на парада на грчката армија“, оценува најгледаната албанска телевизија „Топ Канал“.
“Скопје бара сојузник во Тирана за заедничка осуда на расистичките антимакедонски и антиалбански пароли извикувани на парада на грчката армија“, оценува најгледаната албанска телевизија „Топ Канал“.
Веста за вчерашниот телефонски разговор меѓу македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и неговиот албански колега Бамир Топи, се најде во ударните термини и денеска е на насловните страници на албанските весници.
„Топ Канал“ во својот прилог наведува дека телефонскиот разговор Иванов-Топи, инициран од македонскиот претседател има за цел „Скопје да побара сојузник во Тирана“ за искажување на заеднички став околу инцидентот.
Истиот извор наведува дека албанскиот претседател не ја изнел истата оценка, односно додека Иванов оценил дека инцидентот има загрижувачки размери, Топи оценил дека станува збор за изолиран инцидент кој што не смее да влијае врз добрососедските односи меѓу Албанија и Грција.
Во коментарот на „Топ Канал“ се оценува дека Топи со ваквата изјава одбил да биде сојузник на Скопје за заедничка осуда насочена кон Грција, но и дека е претседателот е претпазлив бидејќи Албанија се наоѓа на чекор до визна либерализација и добивање на кандидатски статус.
Иванов вчера побара од Грција да не шири говор на омраза и да го смени односот кон соседите и додаде дека особено загрижува фактот дека во денешно време во една членка на ЕУ и на НАТО се уште има припадници на безбедносни сили, кои искажуваат говор на омраза.
Албанските медиуми и понатаму јавуваат за остри реакции во Албанија, а протести против инцидентот беа иницирани во повеќе албански градови, каде повеќепати беше запалено грчкото знаме./крај/мн/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

