Македонија
Месечна прослава на роденденот на холандската кралица во Македонија
Роденденот на холандската кралица Беатрис 30-ти април во Македонија ќе биде прославуван цел месец и низ повеќе градови во Македонија.
Роденденот на холандската кралица Беатрис 30-ти април во Македонија ќе биде прославуван цел месец и низ повеќе градови во Македонија.
„Како што знаете секоја година ние го славиме “Денот на кралицата Беатрис“ на денот на нејзиниот роденден и сакам тој ден да го прославиме не само за холандскиот народ, туку и за македонскиот народ. Тоа е многу пријателски ден во Холандија и сакаме да испратиме пријателска порака во Македонија на тој ден“, изјави амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини.
Активностите ќе започнат на 1-ви а ќе траат до 30-ти април а целата манифестација ќе биде под мотото „Биди креативен, дизајнирај го твојот иден град“.
Месецот на креативни градови ќе започне со „Велофест“, фестивалот на креативен велосипедизам, а по него ќе следи „Танц- фест“ предводен од кореогравката Рисима Рисимкин.
Познатиот холандски дизајнер Дејвид Грас ќе одржи работилница со 15 млади дизајнери од Македонија.
Холандската амбасада ќе ја поддржи изградбата на отворена бина во паркот во Чаир, како и Холандски парк во Охрид.
На 29-ти април со чартер лет ќе допатува група на холандски туристи во Скопје а следниот ден група македонски туристи ќе отпатува во Амстердам каде можат да го проследат празнувањето на овој празник.
Холандската амбасада на 30-ти април ќе подготви ДВД со краток документарец во режија на Коле Ангеловски снимен во 1979 година кој ќе граѓаните ќе можат да го добијат со секој купен број на весникот „Нова Македонија“.
Роденденот на Кралицата Беатрис ќе биде повод за почнување на хуманитарна акција под мотото „Можеш ако сакаш“ со цел да се соберат средства за изградба на одделение за интензивна нега на клиниката за детска хирургија во Скопје.
Граѓаните преку јавување на мобилните оператори T-Mobile, One, VIP 070 143300, 075 143075, 077 143333 или со донирање на парични средства на жиро сметката на Тутунска банка 210-0641697702 08 ќе можат да придонесат за собирање на потребните пари./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

