Македонија
ЕП:Не гласајте за неуспешен закон за антидискриминација
Неколку Европски парламентарци (ЕП) напишаа писмо до Собранието на Р.Македонија, со апел до пратениците да не гласаат за „некомплетниот владин предлог за закон за анти-дискриминација“.
Неколку Европски парламентарци (ЕП) напишаа писмо до Собранието на Р.Македонија, со апел до пратениците да не гласаат за „некомплетниот владин предлог за закон за анти-дискриминација“.Европските парламентарци велат дека предлог законот, кој треба да се гласа следната недела е против европските принципи на јасна не-дискриминација. „Доколку вака се изгласа законот, ќе треба повторно да се преиспитува бидејќи не одговара со законите на ЕУ, па тогаш зошто не би се вовела разумна легислатива уште сега.Неуспехот да се вклучи сексуалната ориентација како основа за дискриминација која е стриктно забранета е видлив. Законот, каков што е во сегашната состојба, ќе треба да биде дополнително разгледан за да се овозможи пристапувањето кон Европската унија. Ова ќе создаде непотребно одложување во процесот на пристапување,“ апелираат преку писмо Европарламентарците до пратениците во Собранието.Во продолжение на писмото потпишано од шест европратеници стои „Како пратеници на Европскиот парламент би сакале најљубезно да ве посоветуваме вас, нашите колеги во Парламентот на Република Македонија, да ја искористите собраниската постапка која во моментот е во тек за дополнување и измени на Законот за анти-дискриминација, со цел да се задоволат критериумите за пристапување на земјата“.Помеѓу шесте евро-пратеници во писмото се вклучиле и копретседателот на Европските зелени партии и Европската Слободна Алијанса, како и двајца копретседатели на интергрупацијата за ЛГБТ права во Европскиот парламент. /крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

