Македонија
Манифестација Априлијада- „Скопје се смее“
Градот Скопје и ЈУ Детски културен центар “Карпош” и годинава ќе ја организираат априлијадата – “Скопје се смее”.
Градот Скопје и ЈУ Детски културен центар “Карпош” и годинава ќе ја организираат априлијадата – “Скопје се смее”.
Манифестацијата “Скопје се смее” ќе се одржи денеска пред платото на Дом на АРМ и е предвидена целодневна програма.Традиционално Манифестацијата ќе почне со дефиле со маски на децата од сите скопски градинки, а во рамките на претпладневниот дел ќе бидат прогласени и најдобрите дела од конкурсот за изработка на најдобра маска или шеговит цртеж, а наградените ќе летуваат во Охрид и ќе добијат бесплатен курс по ликовно.
Во забавниот дел на Манифестацијата ќе настапат членовите од ДКЦ „Карпош“, „златните славејчиња“, ритмички групи од основни училишта, „Ребис“,фолклорен ансамбл од Охрид, децата од С.О.С. – Детско село и моделарската секција од Народна техника.
Вечерниот дел на Манифестацијата ќе го отворат водителите Лила и Кили, а поздравен говор ќе одржи и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Музичко- забавниот дел од Манифестацијата „Скопје се смее“ ќе го збогатат настапите на етногрупата „Ајдарет“, Ристо Самарџиев, Биба Додева, Александар Митевски, Бени и групата „Нонстоп“ и други.
И во вечерниот дел на Манифестацијата ќе бидат избрани најдобрите маски.
Целодневната забава под маски, ќе ја разиграаат и разубават настапите на осумте акробати и жонглери од жонглерското студио „Фаз Бабл“./крај/со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коцевски: Ако градоначалникот Ѓорѓиевски има докази за злоупотреби во јавните претпријатија нека пријави
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија, е надлежен тоа да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителство.
„Во однос на изјавите на градоначалникот, ќе кажам дека тој како градоначалник, доколку има докази и е надлежен, тоа може да го пријави на надлежните органи – МВР, и да ги достави тие документи евентуално во Јавното обвинителство. И досега Обвинителството така постапувало, што значи дека ќе постапува и натаму. Ако има злоупотреби, стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски претходно на социјалните мрежи објави дека во скопските јавни претпријатија се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи.
Дополнително во телевизиско гостување, Ѓорѓиевски објасни дека до него пристигнале документи кои укажуваат на можни незаконитости во работењето на повеќе претпријатија.
Македонија
Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува следната недела, на 19 ноември.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави Коцевски, додавајќи дека вчера се одржал координациски состанок во Јавното обвинителство.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница бил кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Македонија
Утре делови од Шуто Оризари без вода за пиење
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)

