Македонија
Друцас: Скопје да не го користи инцидентот со скандирањето
„Поранешната Југословенска Република Македонија, да не го користи инцидентот со скандирањето на грчките војници, што беше изолиран инцидент“, повикува шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, во интервју за радио Скај.
„Поранешната Југословенска Република Македонија, да не го користи инцидентот со скандирањето на грчките војници, што беше изолиран инцидент“, повикува шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, во интервју за радио Скај. „Не би сакал ова да се преувеличува. Грчката влада, како што рековме, недвосмислено го осуди овој инцидент од самиот почеток и ги презеде сите неопходни мерки. Овие информации се пренесени од нашите амбасадори на министрите за надворешните работи на Албанија и на Поранешната Југословенска Република Македонија, и мислиме дека тука завршува целата приказна. Ова прашање е завршено за нас и сакам едноставно да нагласам, особено во однос на нашата соседна земја, Поранешната Југословенска Република Македонија, дека не би сакале да видиме дека се обидуваат да го искористат овој, повторувам, изолиран инцидент“, вели Друцас во интервјуто за радио Скај. Предизвикувачите на инцидентот не се поштедени од новинарот на Скај. Тој, во едно прашање констатира дека инцидентот го предизвикале „куп луѓе без мозок“. /крај/скај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

