Македонија
„Балканска пролет“ посветена на македонската култура
Со изложбата на фотографии посветена на браќата Милтон и Јанаки Манаки во Музејот на Нормандија во Каен, Долна Нормандија вечерва официјално ќе биде отворено шестото издание на манифестацијата „Балканска пролет“.
Со изложбата на фотографии посветена на браќата Милтон и Јанаки Манаки во Музејот на Нормандија во Каен, Долна Нормандија вечерва официјално ќе биде отворено шестото издание на манифестацијата „Балканска пролет“,.
Оваа година изданието е посветено на македонската култура.
Како што информираат од министерството за култура програмата на манифестацијата претставува синтеза на различни делови од богатата македонска култура и е конципирана како спој на традиционалното творештво на Република Македонија и на урбаната македонска култура.
Македонската традиционална музика ќе биде претставена преку изведбите на групата „Љубојна“, етно-составот „Баклава“ и на Стефче Стојковски со триото „Гавроски“. Предвидени се и настапи на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар предводен од диригентот Сашо Татарчевски, како и концерт на „Проект жлуст“.
Македонската етнолошка традиција ќе биде презентирана преку изложбите на фотографии посветени на Јуруците во Македонија, во организација на Македонскиот центар за фотографија, и на народни носии и накит од Македонија, во организација на Заводот и музеј од Битола.
Предвидено е и претставување на фотографии на режисерот Милчо Манчевски.На манифестацијата ќе бидат организирани и литературни средби на македонските еминентни писатели, односно поети: Луан Старова, Данило Коцевски и Никола Маџиров со нивни колеги од Нормандија и од другите балкански земји кои веќе биле претставени на претходните изданија на „Балканска пролет“. Во Долна Нормандија, исто така, ќе биде прикажан и филмот на Теона Митевска „Како убив светец“.
Организатор на манифестацијата е асоцијацијата „Балкан транзит“ од Долна Нормандија, а досега биле претставени културите на Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија и на Романија./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

