Македонија
Неприлагодената брзина причина за трагичната несреќа кај Катланово
Возилото “опел калибра“ во кое вчера загинаа пет лица, меѓу кои една жена со своите две деца и уште двајца мажи, најверојатно се движело со голема брзина.
Возилото “опел калибра“ во кое вчера загинаа пет лица, меѓу кои една жена со своите две деца и уште двајца мажи, најверојатно се движело со голема брзина. “Речиси е сигурно дека се работи за брзина, која што не била прилагодена на условите на патот. Впрочем на лице место се гледаат трагите на излетувањето на возилото, што покажува дека најверојатно се работело за голема брзина, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која денеска го посети местото на вчерашната трагедија. Делницата кај Катланово на автопатот Скопје – Велес, важи за кобно место на кое што, често се случуваат сообраќајни несреќи со жртви. Директорката на Агенцијата за патишта, Наташа Волкановска признава дека во инфраструктурата не е инвестирано околу 30 -тина години. “Во моментов најнеопходната сигнализација е веќе поставена. Имаме знаци за прилагодување на брзината и поставена е заштитна ограда, изјави Волкановска. Според неа од идната година ќе стартува проектот за сигнализација кој би требало да ја подобри безбедноста. Статистиката покажува дека бројот на сообраќајните несреќи со жртви во земјава, во трите месеци од годинава е двојно зголемен во споредба со истиот период од лани. Минатата година се случиле 18 сообраќајни несреќи со 19 жртви, а годинава 33 сообраќајќи во кои загинале 43 луѓе. Инаку, вчера на автопатот кај скопско Катланово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија пет лица. Возачот на “опел калибра“ што возел кон Скопје, пред Катлановски мост не успеал да ја фати кривината на автопатот удрил и ја пробил заштитната ограда и излетал долу во амбисот кај реката Пчиња. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерството за здравство ги кани на соработка нашите лекари кои работат во странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

