Македонија
Филип Гордон: Решение за името – поради стабилноста на целиот регион
Американскиот заменик-државен секретар Филип Гордон на сенатски распит во средата ги повика првите луѓе на Македонија и Грција да преземат смели и решителни одлуки за да го решат прашањето, еднаш-засекогаш.
Американскиот заменик-државен секретар Филип Гордон на сенатски распит во средата ги повика првите луѓе на Македонија и Грција да преземат смели и решителни одлуки за да го решат прашањето, еднаш-засекогаш.Ова го јави радио Глас на Америка на македонски јазик, додавајќи дека според Гордон, Западниот Балкан како дел од евроатлантската заедница е високо на листата на приоритети на САД, а во регионот последниве 20-тина години е направен голем напредок – од војна, кон евроатлантска интеграција. „Сепак, остануваат предизвици, како политичкиот компромис во Босна, стабилизацијата на Косово и спорот меѓу Македонија и Грција“, резимираше уште на самиот почеток на распитот средата во Сенатската поткомисија за европски прашања заменикот-државен секретар со иста географска надлежност, Филип Гордон.За Гордон, американската поддршка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО останува витален елемент за промовирање на мирот и стабилноста на целиот Балкан. Тој ја истакна Македонија за задоволување на речиси сите реформски мерила што ги постави ЕУ, за демаркацијата на границата со Косово и за учеството во меѓународните мировни мисии на НАТО, но и ја повика да даде обновен приоритет на меѓуетничките односи – на дело и во духот на Рамковната спогодба и да продолжи со реформите, особено во правната држава.Решавањето на спорот со Грција е од клучно значење и е потребно што поскоро, подвлече американскиот владин претставник, образложувајќи дека „во интерес на обете земји, и на стабилноста на целиот регион, водачите на двете земји треба да преземат смели и решителни одлуки за да го решат прашањето, еднаш-засекогаш“.Заменикот-државен секретар за одбрана Александар Вершбоу, задолжен за меѓународна безбедност, рече дека Македонија, по бројот на мировници во сооднос на бројот на жители, дава голем придонес, а во Авганистан е меѓу првите пет земји. Членството на земјата во НАТО го нарече „незавршена работа“, како што и беше насловот на распитот, и важно за регионалната безбедност и стабилност.Иван Вејвода од Германскиот Маршалов Фонд укажа на, како што ги нарече, претпазливи назнаки дека можеби 2010-та ќе биде годината за решавање на спорот околу името.Говорејќи за идната американска политика на Западниот Балкан, Филип Гордон рече дека никаде на друго место на Стариот континент од Балканот не е поважна соработката САД-ЕУ, со крајна цел – комплетирана евро-атлантска интеграција, јави радио Глас на Америка на македонски јазик./крај/воа/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

