Македонија
Црвенковски во посета на Долна Река
Буџетските средства за градење на црква и џамија на плоштадот во Скопје, Владата подобро би било да ги даде за обновување на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и да го санира патниот правец до Дебар.
Буџетските средства за градење на црква и џамија на плоштадот во Скопје, Владата подобро би било да ги даде за обновување на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и да го санира патниот правец до Дебар. Оваа го изјави денеска претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски за време на посетата на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Според него, овој манастир е идентитет на македонскиот народ бидејќи тој претставува најголема наша историска драгоценост и е со векови место на нашето вековно црковно и духовно светилиште. Патот кон Дебар е пат кој го користат заедно, како Македонци, така и Албанци, Турци и други граѓани на нашава земја, рече Црвенковски. Тој притоа апелираше до Владата на Македонија и лично до премиерот Груевски како и до МПЦ и г.г. Стефан да придонесат за намалување на етничките и религиските тензии со Проектот „Скопје 2014“, преориентирајќи ги средствата за обнова на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и за патот кон Дебар. Лидерот на СДСМ по посетата на манаситорот ја посети џамијата во најголемото реканско село Скудриње.
Тој нагласи дека традицијата на верскиот соживот во општината Маврово-Ростуше и одличен пример за верската и етничката толеранција.
Црвенковски изјавил дека треба да се гради нешто што ги обединува луѓето, а не нешто што ги разединува. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

