Македонија
„ИАЕСТЕ“: 74 македонски практиканти во странство
Студентската организација „ИАЕСТЕ“ оваа година ќе направи размена на 74 студенти од техничките факултети.
Студентската организација „ИАЕСТЕ“ оваа година ќе направи размена на 74 студенти од техничките факултети.„За ова лето имаме 74 студенти – практиканти кои со размена на студенти ќе имаат можност да работат во странство најмалку шест недели“, рече Катерина Ѓорѓиевска претставник од „ИАЕСТЕ“.
Во текот на целата година ќе се одржуваат нови случувања во организација на „ИАЕСТЕ“.Од 21 до 25 април ќе се одржи семинарот на кој ќе се обединат претставниците на ИАЕСТЕ од повеќе држави во регионот.
„Овој семинар ќе се одржи во Македонија по цели 5 години, целта е да се споделат проблемите, да се разменат искуства и да се подобри соработката меѓу комитетите“, рече Мирко Даневски, член на ИАЕСТЕ.
На 23 и 24 април на Попова Шапка ќе се одржи другиот семинар кој е наречен „Семинар за тренинг и мотивација“, потоа таканаречената Летна перцепција“ која ќе трае во текот на летото а има за цел да ги пречекува странските студенти кои ќе имаа пракса во Македонија.
Со оваа организација соработуваат 60 фирми и институции од Македонија кои прифаќаат практиканти од странство, меѓу тие се Сеавус, ВИП оператор, Општина Карпош, Винарија Тиквеш и Окта.
Секоја година преку програмата на ИАЕСТЕ се разменуваат просечно по 60 студенти од техничките факултети во Македонија со цел на извршување на стручна пракса од областа на нивните студии во компании и институции во земјите членки на оваа асоцијација.
Најпосакувани дестинации од страна на македонските студенти се Португалија, Шпанија, Германија, Норвешка, САД и Италија./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

