Македонија
Глобалната акција за вклучување на сите деца во образованието
Нашата земја се приклучува на Глобалната недела на акција 2010 за вклучување на сите деца во образованието, што ќе почнува од денеска, а ќе трае до 25 април.
Нашата земја се приклучува на Глобалната недела на акција 2010 за вклучување на сите деца во образованието, што ќе почнува од денеска, а ќе трае до 25 април.
Во повеќе од 100 земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди ќе се дружат со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што ќе има забавен карактер, акцијата ќе се обиде да влезе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.
“Во нашата држава секојдневно се среќаваме со деца, кои на различни начини се лишени од нивното основно право – правото на образование. Затоа од голема важност е државата да им го обезбеди ова право на сите деца“, велат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која е носител на кампањата во Македонија.
За време на еднонеделната кампања ќе бидат организирани неколку настани, како посветување на еден училишен час „Една цел: Настава за сите“, што ќе се одржи на 20 април во училиштата низ државата.
Кампањата опфаќа и јавна расправа – Форум поврзан со Образовната инклузија на децата кои не одат во училиште, а преку кој што ќе се анимираат сите релевантни фактори што можат да придонесат за надминување на проблемот со децата кои не се вклучени во редовниот образовен систем, како и да се обезбедат механизми за нивно вклучување.
Предвидена е и посета на Министерството за финансии, што како надлежна институција ги изработува државните буџети од кои се финансира јавното образование./крај/ohridnews/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

