Македонија
Маневски останува министер за правда

Собранието кое до доцните вечерни часови вчера расправаше за работата на министерот за правда Михајло Маневски не ја прифати интерпелацијата за отповикување на министерот поднесена од страна на СДСМ.
Собранието кое до доцните вечерни часови вчера расправаше за работата на министерот за правда Михајло Маневски вечерва не ја прифати интерпелацијата за отповикување на министерот поднесена од страна на СДСМ.
Со 16 гласа „за“ интерпелација и 65 „против“ интерпелацијата за министерот Маневски .
За пратеникот Владо Бучковски тоа што власта не ја поддржа интерпелацијата било веќе очекувано, но како што рече нивната цел не била прифаќање или неприфаќање на истата, туку јавноста да чуе аргументирани критики.
Интерпелацијата ја поднесоа 23 пратеници од опозицијата на 26 февруари годинава поради, како што наведуваат во образложението, непотизам во судството, неправилности во финансиското работење на Министерството за правда, скандал со узурпираното земјиште во општествена сопственост, екстремно лошите услови во македонските затвори и политичкиот притисок врз работењето на судиите.
Откако пратеникот Бучковски ја образложи интерпелацијата, министерот Маневски рече дека ги отфрла сите наводи како неосновани.
Според пратениците од владеjачкото мнозинство, интерпелацијата содржела само лични навреди и напади за министерот Маневски и оти истата била мотивирана од лични причини на некои политичари од СДСМ./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возиво, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.