Македонија
Антикорупциска: Функцијата на Наумовски на Правен не е судир на интереси

Вработувањето на вицепремиерот Васко Наумовски на Правниот факултет „Јустинијан1“ во Скопје не претставува судир на интереси
Вработувањето на вицепремиерот Васко Наумовски на Правниот факултет „Јустинијан1“ во Скопје не претставува судир на интереси.
Ова денеска го соопштија од Државната комисија за спречување на корупцијата откако ги обработиле податоците, информациите и документацијата добиени од Правниот факултет и лично од Наумовски, кои биле побарани од нивна страна.
„Ваквата констатација Антикорупциска комисија ја заснова врз неколку битни моменти: Наумовски и покрај тоа што е избран, не засновал работен однос на Правниот факултет, тој не остварува никакви дополнителни примања и на јавно распишаниот конкурс се пријавил само вицепремиерот, со што не стои сомнението дека тој по пат на евентуални влијаниа придонел да биде избран од Наставно научниот совет на факултетот “, укажа претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами.
На новинарско прашање што претставува тоа кога студентите ќе губат предавање, поради неможноста Наумовски да ги исполни обврските, од Антикорупциска велат дека тоа е проблем на факултетот и дека тоа не претставува судир на интереси.
Државната комисија за спречување на корупција по претпоставки за несовесно и незаконско вршење на службена должност против лицата Ѓорѓи Тодоров и Јован Христовски вработени во Секторот за сообраќај ќе покрене кривична постапка.
Селами најави дека за мерките кои ќе ги превземе против службените лица ќе го информира градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи како што рече тие се дел од неговата администрација.
Претседателот на Антикорупциска Селами исто така најави дека ќе иницира покренување на прекршочни постапки за сите наименувани лица и државни службеници кои не ги доставиле Изјавите за интереси.
Казната како што информира Селами ќе изнесува од 1000 до 3000 евра./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.