Македонија
Расправајте се помалку, правете повеќе

„Расправајте се помалку, а правете повеќе“ е новото мото на Кина и истото би можел да им го препорачам и на земјите од регионот,“ истакна проф. Д-р Конг Фанџун од Универзитетот во Пекинг на денешното предавање.
„Расправајте се помалку, а правете повеќе“ е новото мото на Кина и истото би можел да им го препорачам и на земјите од регионот,“ истакна проф. Д-р Конг Фанџун од Универзитетот во Пекинг на денешното предавање. Говорејќи на темата „Советскиот модел во Кина: променет и непроменет“, Фанџун истакна дека кога ги набљудува политиките во земјите од овој дел на Европа понекогаш останува зачуден. „Често пати во регионот на телевизија гледам како двете најголеми партии се расправаат со месеци во собранието, и за изградба на некое архитектонско решение или некој пат им треба по 18 месеци и повеќе. Тоа е страшно. Во Кина кога заклучуваме дека нешто мора да се направи, едноставно го правиме тоа,“ вели Фанџун и додаде дека ако 1,3 билиони Кинези само зборат и се расправаат, ништо нема да се промени. Д-р Конг Фанџун од Универзитетот во Пекинг, е еден од водечките авторитети во Кина во областа на меѓународните односи и политичките науки. Тој е еден од ретките од оваа земја кој се занимава со регионот на Централна и Источна Европа. Предавањето за „Советскиот модел во Кина: променет и непроменет“ се одржа во организација на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.