Македонија
ЕЛЕМ продолжува со редуцирано испуштање на водите од Мавровското езеро

АД „Електрани на Македонија“ денеска соопшти дека во континуитет го редуцира режимот на истекот на водите од Мавровското езеро со цел да придонесе за намалување на водостојот на реката Вардар.
АД „Електрани на Македонија“ денеска соопшти дека во континуитет го редуцира режимот на истекот на водите од Мавровското езеро со цел да придонесе за намалување на водостојот на реката Вардар.
„Со преземањето на оваа мерка може да се влијае исклучиво на намалување на водостојот на Вардар, на потегот пред градот Тетово“, се вели во соопштението.
Од компанијата наведуваат дека после Тетово, реката Вардар ја полнат повеќе сливови ( Пена, Боговињска река, Бистрица, Поројска река, итн) кои придонесуваат за зголемениот водостој на кој истекот на водите од Мавровското езеро има речиси минимално влијание..
Поради интензивните врнежи од дожд што во последните две недели ја зафатија Република Македонија, дојде до забрзано топење на снеговите од Шар Планина и Кораб, што директно влијаеше на зголемување на дотоците во сите реки од овој дел.
АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека испуштањето на водите од Мавровското езеро не се причинител за излевањето на реката Вардар кај Јегуновце, затоа што вкупниот истек на вода од Мавровското езеро, доколку хидроелектраните Вруток и Равен би работеле во максимален режим учествува со 20-30% од протокот на реката Вардар. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Секој изгубен ден во политички препукувања е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, накусо ги повтори сите ветувања што ги даде изминативе дваесет дена. Рече дека денес нема да држи политички говори туку ќе се заблагодари на скопјани за досегашната соработка.
„Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет, за секоја критика и најмногу за огромната надеж што ја почувствував во вашите очи, надеж дека Скопје конечно може и мора да биде подобро“, рече Ѓорѓиевски.
Кампањата кажа дека ја водел искрено и наместо со празни ветувања пред скопјани излегол со докази оти она што го направил во Кисела Вода за него не се само бројки туку доказ дека зборот го претвора во дело.
Рече дека зад него не стои само неговата политичка партија туку тим од врвни експерти, професори, архитекти, уметници, но и обични и чесни луѓе кои „го живеат и дишат овој град“.
Повика в недела, масовно, референдумски скопјани да излезат на гласање во сите општини.
„Нашиот град повеќе нема време за губење. Секој изгубен ден во политички препукувања е изгубена можност за Скопје. Затоа ве повикувам в недела масовно да излеземе и да ја донесеме одлуката. Да не дозволиме да изгубиме уште две недели во неизвесност и политички калкулации“, рече Ѓорѓиевски.
Побара силна и чиста поддршка за да може веднаш да почне со работа и по којзнае кој пат во изминативе дваесет дена повтори дека ако скопјани не го изберат во првиот круг само ќе ја продолжат голготата и хаосот во кој живее градот со години.
„Ве повикувам да го заокружите бројот девет. Тоа не е глас само за мене ниту глас за една политичка партија, тоа е глас за работа, за ред, за одговорност, за визија, глас за иднината на Градот Скопје. Од срце ви ветувам на сите, ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Не градоначалник кој седи во канцеларија туку човек кој ќе работи, ќе слуша и ќе обединува. Човек кој ќе биде на терен, меѓу вас, решавајќи ги проблемите таму каде што настануваат. Ајде заедно да го вратиме сјајот на нашето Скопје“, повика Ѓорѓиевски.
Рече дека веќе се чувствува победнички оти верува во силна поддршка од скопјани. Нагласи дека е отворен за соработка и дека секоја добра идеја што ја нема во неговата програма ќе ја прифати и ќе ја реализира до крајот на мандатот.
Македонија
Граѓаните во недела ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела ( 19 октомври ) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај на телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488, се истакнува во соопштението од Народниот правобранител.
„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.
Македонија
Карајанова-Димитрушева: Град Скопје мора да биде гарант дека лицата со попреченост нема да бидат оставени сами пред бирократијата

Носителката на листата за советници во Град Скопје од Коалицијата за зелена иднина, Ана Карајанова Димитрушева, најавува конкретни мерки за пристапни здравствени услуги и системска поддршка за лица со хронични состојби во главниот град.
„Како личност која долго се бори со хронична болест, знам дека вистинската грижа значи достапни услуги, предвидливи процедури и пристап до помош кога е потребна. Ќе инсистирам на воспоставување брзи канали за пристап до специјалисти и мобилни тимови за поддршка“, истакнува Карајанова Димитрушева.
Таа најавува и проактивна улога на градот во превенцијата и рехабилитацијата.
„Град Скопје ќе финансира редовни превентивни прегледи, психосоцијална поддршка и програми за рехабилитација. Градот мора да биде гарант дека пациентите нема да бидат оставени сами пред бирократијата“, порачува Карајанова Димитрушева.
Карајанова Димитрушева додава дека не станува збор за милост, тука за основно човеково право.
„За достоинство. Ќе создадеме мрежа за поддршка што ја разбира реалноста на животот со хронични состојби“, порачува Карајанова Димитрушева, притоа упатувајќи повик до граѓаните ако сакаат грижата да стане дел од локалната политика да го заокружат бројот 8 на гласачкото ливче.