Македонија
Реновирани осум соби на инфективната клиника
На одделението за цревни болести и фебрилни состојби во склоп на инфективната клиника во Скопје денеска беа претставени осумте реновирани соби кои се донацијата од фондацијата на T- Mobile во вредност од 20.000 евра.
На одделението за цревни болести и фебрилни состојби во склоп на инфективната клиника во Скопје денеска беа претставени осумте реновирани соби кои се донацијата од фондацијата на T- Mobile во вредност од 20.000 евра.
Осумте соби за сместување на доенчиња со мајки на одделот за цревни инфекции се опремени со нови клима уреди, обновен е мебелот, а санирани се тоалетите во секоја од собите.
„На овој оддел годишно се лекуваат околу 600 пациенти со тренд на покачување во изминативе неколку години. Со скратување на болничкиот третман како еден од индикаторите за ефикасноста на работењето на одделот ова за пациентите, нивните родители но и за персоналот на одделот оваа донација ќе претставува голем чекор“ изјави директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ.
Ова е втората донација на T- Mobile фондацијата оваа година./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

