Македонија
Груевски најави пакет мерки во судството
Премиерот Никола Груевски најави преземање на пакет мерки во судството.
Премиерот Никола Груевски најави преземање на пакет мерки во судството.
„Започнавме со законот за Академија за судии и јавни обвинители, каде што веќе во самиот старт ќе се запишуваат лица со повисок интегритет“, изјави премиерот Груевски.
Министерството за правда, според Груевски, е во завршна фаза на подготовка на група закони според кои секој што секој што ќе заврши Академија ќе може да се вработи во Основните судови, но нема да може било кој да се вработува директно во Апелација или директно во Врховен суд.
Ќе треба да се поминат пет години во Основен суд, а ако некој е во Апелација ќе треба пет до осум години да помине во Апелација за да може да конкурира во Врховен суд.
„Исто така работата на судиите ќе се мери многу прецизно, по неколку критериуми односно по тоа колку предмети им се поништени на судиите, колку предмети завршиле, по сложеноста на предметите, судиите ќе се бодираат, а Судскиот совет само ќе има обврска да ги пресмета бодовите и кој од судиите остварил најдобри перформанси и да го прераспределат за повисок суд“, објасни Груевски.
Премиерот додаде дека судиите кои ќе имаат поништени предмети поголеми од одреден процент, по автоматизам ќе треба да бидат разрешени./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

