Македонија
Панихида за жртвите од Чернобил

Современата технологија придонесува за појава на катастрофи со страшни последици по светот и човештвото. Човекот злоупотребувајќи ја технологијата и можностите на својот разум придонесува светот да станува фабрика и пазариште со лажен сјај на минливите.
Современата технологија придонесува за појава на катастрофи со страшни последици по светот и човештвото. Човекот злоупотребувајќи ја технологијата и можностите на својот разум придонесува светот да станува фабрика и пазариште со лажен сјај на минливите.
Ова е дел од говорот на прота ставрофор Драги Костадиновски, кој чиноначалствуваше со литургијата во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ за жртвите од катастрофата во атомската централа Чернобил што се случи пред 24 години.
Литургијата ја организираа Амбасадите на Украина и Русија во Скопје.
Хaваријата во Атомскатa централа во Чернобил е најтешката техногена катастрофа во историјата на човештвото.
Озрачени беа 145.000 квадратни километри од територијата на Украина, Белорусија и Руската федерација, а настрадаа повеќе од 5 милиони луѓе од радиоактивното зрачење на централата. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.