Македонија
Атина не отстапува од позициите за името

Грчката позиција во спорот за името со Скопје, не трпи отстапки.
Грчката позиција во спорот за името со Скопје, не трпи отстапки.
Ова е одговорот на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, на изјавата на премиерот Никола Груевски, дека на референдум би гласал „против“ името Република Северна Македонија за севкупна употреба, јави електронското издание на грчкиот весник „Елевтеротипија“.
Друцас посочи дека грчката позиција е позната, име со географска одредница за севкупна употреба и подвлече дека Република Северна Македонија е дел од идеите на специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц и е компромисна варијанта.
Според Друцас, Груевски се уште не покажал, дека сака да преговора за името. /крај/фокус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ем шуто, ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и за дефокус на јавното мислење од нивните злодела, недемократско и забегано однесување на власт“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ.
„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи.
Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Најголеми виновници за Вардариште и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници“, велат од СДСМ

„Скопје денеска буквално се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Најголем симбол на таа неспособност е дивата депонија Вардариште, извор на загадување и закана по здравјето на над 150 илјади граѓани од Аеродром и Гази Баба“, велат од СДСМ.
„Виновни за оваа катастрофална состојба и загушеното Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници. Четири години двајца градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не ги исполнија ветувањата и не најдоа решение за една дива депонија. Четири години ветувања кои се покажаа како големи лаги, а резултатот е чад и опасност за здравјето за скопјани.
Орце Ѓорѓиевски, наместо решенија ги манипулира скопјани.
Доста беше лаги и неспособност. Време е за вистински решенија кои ги има СДСМ и Каја Шукова, време е Вардариште да стане безбедна локација а не еко-бомба под прозорите на скопјани“, соопшти СДСМ.
Македонија
Нема активни пожари низ државата, под контрола е еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни нема, под контрола е еден пожар, а изгаснати се седум пожари, извести Центарот за управување со кризи.
Како што извести ЦУК, под контрола е пожарот во општина Гевгелија – планина Кожуф (приземен пожар).