Македонија
Османи: Доколку се утврди реален недостиг на лекови, ќе има ревизија
Доколку инспекторите на Министерството за здравство кои се на терен, утврдат дека реално нема лекови на рецепт тогаш ќе има ревизија на дистрибуцијата на лекови.
Доколку инспекторите на Министерството за здравство кои се на терен, утврдат дека реално нема лекови на рецепт тогаш ќе има ревизија на дистрибуцијата на лекови.
Ова го изјави министерот за здравство, Бујар Османи кој денеска, по подолга пауза на соработката, беше во посета на Лекарска комора.
„Реков дека доколку се работи само за адаптирање на новиот правилник односно за нова дистрибуција на квотите, всушност тоа е прашање на навика, односно пациентите се навикнати во да купуваат лекови во една аптека , а сега истите се дистрибуирани во повеќе . Доколку Фондот за здравствено осигурување констатира дека реално нема лекови во аптеките, тогаш ќе се побара ревизија на дистрибуција на квотите“ , изјави Османи.
Граѓаните се приморани да одат од аптека во аптека, за да го бараат потребниот лек на позитивна листа кој им е потребен, по намалувањето на квотите на лековите за аптеките.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека ќе ги чекаат извештаите на аптеките до 15-ти следниот месец и објаснуваат дека квотите за лековите се исти како и минатата година, само што годинава има повеќе аптеки. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.