Македонија
Избрани проектите за научна и технолошка соработка меѓу Македонија и Хрватска
Македонија и Хрватска потпишаа Протокол за избор на проекти за научна и технолошка соработка за периодот 2010-2011 година, врз основа на спогодбата за научно-техничка соработка меѓу Владата на Македонија и Хрватска.

„Согласно протоколот, Министерството за образование и наука донесе одлука за финансирање на седум заеднички научно – истражувачки проекти, чија реализација ќе започне во 2010 година. Проектите се во областа на науката технологијата и образованието за 2009-2012 и тоа во областа на медицината, сеизмологијата, земјоделието, ветерината, математиката и информатиката, како и од областа на културата“ изјави Министерот за образование, Никола Тодоров.
Научно истражувачките проекти се со времетраење од две години и за нив МОН ќе софинансира вкупно 4.200.000 денари.
Хрватскиот амбасадор Иван Кујунџиќ, ја изрази поддршката на Хрватска за ваквите проекти и истакна дека меѓу двете влади има потпишано проекти за соработка од областа на културата и заштитата на малцинските права.
„Она што сакам да го истакнам е дека во Загреб оваа година започнува изградбата на македонската православна црква. Сметаме дека тоа е значаен проект, кој ја покажува хрватската определеност кон верската толеранција, хрватската определеност кон малцинската толеранција и воопшто почитувањето на човековите и малцинските права“ истакна Кујунџиќ. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.