Македонија
Македонија на CNN од 10-ти до 14-ти мај
Македонија и нејзиниот развој ќе биде темата на мајското издание на емисијата i-List што се емитува на светската телевизиска мрежа CNN.
Македонија и нејзиниот развој ќе биде темата на мајското издание на емисијата i-List што се емитува на светската телевизиска мрежа CNN. Во оваа емисија еднаш месечно се обработува развојот на индустриски, економски, технолошки и културен план на една земја во светот. „Во мај, нашиот тим престојува во Македонија, каде преку специјална еднонеделна емисија, ќе откриеме дел од економскиот, социјалниот, културниот и политичкиот развој со кој во моментов се соочува земјата, како и нејзиното позиционирање во иднина“, се вели во најавата на интернет-страницата на CNN. Емисијата посветена на Македонија ќе се емитува во периодот од 10-ти до 14-ти мај. Како најава, на CNN веќе се емитуваат реклами, а на интернет-страницата е поставен профил на земјата. /крај/cnn/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски лаже – исплатите од ИПАРД не ги стопира тој, туку европскиот механизам за финансиска контрола
Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија, велат од СДСМ.
„Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди. Тоа значи дека НОА не постапува по налог на Владата или на Мицкоски, туку исклучиво по сигнал од Европската комисија или по внатрешна проценка за ризик на системот за контрола на исплатите. Мицкоски, обидувајќи се да се спаси од политичка одговорност, се поставува како „контролор“ на европски пари, а тоа е апсурд кој ја покажува неговата некомпетентност и паника“, велат од партијата.
Од СДСМ велат дека ИПАРД 3 е суспендиран затоа што Агенцијата за доделување на ИПАРД е компромитирана со корупција, злоупотреби и партиски влијанија.
„Апсењето на директорот и неговите блиски соработници, поставени токму од Мицкоски и министерот Трипуновски, е директна причина за активирање на механизмот на суспензија. НОА постапува за да ги заштити европските средства од понатамошна злоупотреба. Мицкоски не може да го претстави тоа како сопствена одлука, затоа што ова е санкција од европскиот систем на контрола – не успех на Владата, туку доказ за нејзин неуспех“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека ова е втор пат во последните 15 години кога програмата ИПАРД се суспендира, и двата пати кога ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата.
СДСМ повикува на одговорност и оставки. „Државата не смее повторно да биде понижена од партиски експерименти и корупциски шеми кои ја уништуваат довербата на ЕУ во институциите“, велат од таму.
Македонија
Хелсиншкиот комитет: Правдата за Кочани мора да биде навремена, целосна и транспарентна
Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Основниот кривичен суд го закажа почетокот на главната расправа за 19 ноември, во судницата на Казнено-поправната установа „Идризово“, информираат од таму.
Обвинителниот акт, како што појаснуваат, опфаќа 34 лица и три правни субјекти, меѓу кои поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори и одговорни лица во фирмите поврзани со ноќниот клуб.
Хелсиншкиот комитет потсетува дека долготрајноста на постапките за кривични дела со тешки последици претставува повреда на правото на ефикасно судење, а секое одолговлекување ја продлабочува болката на семејствата и ја нарушува довербата на граѓаните во институциите.
Комитетот ја повикува судската власт да обезбеди јавна, правична и непристрасна постапка, целосна одговорност за сите кои со своите постапки или пропусти придонеле за трагедијата и заштита на достоинството на жртвите и нивните семејства во текот на процесот.
Од Комитетот изразуваат поддршка на семејствата на загинатите, кои на 15 ноември, (сабота) најавија Марш за правда во Скопје, кој ќе почне на Плоштад Македонија и потоа преку Собранието ќе заврши кај Основниот кривичен суд.
„Граѓанскиот активизам и мирниот протест се легитимни форми на изразување на незадоволство и на потсетување дека правдата не смее да биде одложена. Таа треба да е достапна за сите, без разлика на позицијата и влијанието на обвинетите. Правдата за Кочани е правда за сите нас“.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче
Кадровските промени доцнат во СДС затоа што никој не сака да биде дел од губитничкиот тим на Филипче. Ароганцијата, предавствата и лошите политики кои ги водеше Филипче, заедно со неговите претходници Ковачевски и Заев, им се удрија од глава, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Видни големи поддржувачи на СДС, според информациите кои стигнаа до нас, одбиле да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не сакале да бидат дел од партијата која некогаш беше државотворна партија, а сега спадна на едвај 120 илјади гласови, за кои заслужен е директно Венко Филипче, а и неговите претходници Ковачевски и Зоран Заев“.
Дел од овие луѓе со кои Филипче се има видено изминатиов период, нагласи Манасиевски, не сакале да бидат дел од раководството на СДС, само затоа што не го гледаат Филипче како нивен предводник во СДС.
Очигледно е, вели тој, дека во СДС има проблем во делот на консолидација, а тој проблем е директно Венко Филипче.
„Единствено решение и излез од ситуацијата во која се наоѓа СДС е Филипче да си поднесе оставка, а СДС да почне со внатрешни реформи“.

