Македонија
Полска: „Македонијо ти благодариме“
Амбасадата на Република Полска во Скопје денеска изрази благодарност до највисоките власти и до граѓаните на Република Македонија за солидарноста со Полска во тешките денови по националната трагедија
Амбасадата на Република Полска во Скопје денеска изрази благодарност до највисоките власти и до граѓаните на Република Македонија за солидарноста со Полска во тешките денови по националната трагедија.
„Дами и Господа, Вашата солидарност со Полска во тешките за нас денови, по националната трагедија, која се случи на 10 април 2010 година, кога во авионска несреќа загина Претседателот на Република Полска, Лех Качињски со сопругата заедно со 94 останати претставници на државната администрација, вооружените сили, општествени и верски организации, нема да биде заборавена, гордо запишувајќи се на страниците на односите меѓу нашите Народи“, се наведува во пораката на полскиот амбасадор во Скопје Карол Бахура.
Во пораката се додава дека Полска во последните недели чувствува дека Македонците на посебен начин се во состојба да ја разберат жалоста, сеќавајќи се на трагичната смрт, исто така во авионска несреќа, на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и лицата кои го придружуваа.
„И покрај болката и солзите убедени сме и можеме да гарантираме дека и во оваа национална трагедија Република Полска ќе истрае и ќе излезе од неа уште појака“, се нагласува во пораката за благодарност на полската амбасада во Скопје./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

