Македонија
Меѓурелигиска конференција во Охрид

Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог по мотото “Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ почнува денеска во Охрид
Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог по мотото “Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ почнува денеска во Охрид.
На конференцијата, што ќе трае до недела, се очекува да присуствуваат околу 480 домашни и странски гости од повеќе од 30 земји, политичари, научни и културни работници.
Свој придонес ќе дадат и преставници на римокатоличката, муслиманската, евангелистичко-методистичката црква, Црквата на Исус Христос, будисти, претставници на Еврејската заедница, адвентисти, протестанти.
Организатор на конференцијата е Министерството за култура и Комисијата за односи со верските заедници./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ оштетуваат околу 𝟥𝟤𝟢 илјади пензионери“, велат од НСДП

„ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите ги манипулира пензионерите за изборни цели и оштетува околу 320 илјади пензионери. Со законските измени предложени од Владата, а кои ги изгласа Собранието пензионерите ќе добијат пониски пензии од она што би требало да биде реален пораст на пензиите во септември“, велат од НСДП.
„За НСДП единствен правилен, праведен и законски начин на пресметување на пензиите е покачувањето на пензиите согласно формулата: 50% индекс на раст на платите, 50% индекс на пораст на трошоците за живот.
Пензионерите со најниски пензии со формулата 50/50 би добиле исто покачување на пензиите како и со линеарното со кое владејачките партии ги лажат и манипулираат, а сите пензионери со повисоки пензии се оштетени за дополнителни од 100 до 3500 денари, кои би ги добиле со септемвриското усогласување на пензиите.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги нема за приоритет пензионерите, работниците и граѓаните кои што чесно заработуваат од својот труд, па заради тоа се служат со манипулации при пресметката на пензиите, затоа економско-социјалниот совет е блокиран и сеуште нема утврдена минимална потрошувачка кошничка, растот на платите е сопрен, а граѓаните секој ден живеат се потешко и едвај преживуваат од први до први.
Редно време е власта да намали со луксузирањето, да намали на трошоците за пропаганда и искривување на реалноста во која живееме, да намали на бесполезните прошетки во странство, на пензионерите и граѓаните им требаат реални мерки за поддршка од скапотијата и високите цени“, се наведува во соопштението на НСДП.
Македонија
„Братството на Заев и Пендаровски со Борисов ја чинеше Македонија бришење на идентитетот и јазикот, чија агенда спроведува СДС и Филипче“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Миленикот на Стево Пендаровски и „братот“ на Зоран Заев, Бојко Борисов се пофали дека тој лично стои зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Резолуцијата на Европскиот парламент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поданичката политика на Заев и СДС во надворешната политика кои наместо да ја штитат државата и националните интереси, ја доведоа државата во ќорсокак, како и можност за понатамошна блокада од страна на Бугарија со дополнителни барања.
СДС, Заев и Филипче со својата сервилност отидоа дотаму што отворено покажуваат дека се спремни и да се откажат од националните обележја, само да дојдат повторно на власт.
Дали СДС, Заев и Филипче се директно вмешани во иницијативата која ја понижи Македонија?
Со оглед на фактот дека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти како и јазиците, се поставува прашањето дали СДС стои позади оваа антимакедонска иницијатива?
СДС делува како заштитник на бугарскиот наратив а во тоа секојдневно се приклучува по некој кој е дел од нивните структури, последен во низата е Андреј Жерновски.
Наместо конструктивна опозиција и лобирање во насока на заштита на македонските државни интереси, СДС повторно избра да брани туѓи агенди и да ги штити бугарските интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ, а не на граѓаните на Косово, велат од „Вреди“

„Вреди“ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со ” планот од 9 точки” за Косово.
Наместо да ја користи својата позиција за унапредување на мирот, стабилноста и суверенитетот на Косово, Османи се претвори во инструмент за промоција на интересите на Белград и режимот на Александар Вучиќ, велат од оваа партија.
„Под превезот на „деескалација“, Османи предлагаше решенија кои директно го подриваа државниот суверенитет на Косово, го негираа демократскиот избор на граѓаните и отвараа простор за создавање на паралелни структури, спротивно на уставниот поредок на Косово.
Најпроблематични точки од дејствување на Бујар Османи кон Косово се:
Повикување на оставки на легитимно избрани градоначалници, што претставува опасен преседан со кој се казнува демократскиот процес само затоа што резултатите не и одговараат на Србија.
Условување на Косово да ги повлече безбедносните сили од сопствена територија, додека за Србија се бараше само симболично „намалување на борбената готовност“, што го нарушува принципот на еднаквост и суверено делување.
Наметнување на ОБСЕ како посредник во изборните процеси, иако Косово е независна и функционална држава со сопствени институции и изборен механизам“.
Сето ова, како што оценуваат во „Вреди“ е дел од опасна стратегија за репакување на старите барања за „асоцијација на српски општини“, со кои се отвора пат за создавање на „Република Српска“ во Косово.
„Чуден е ангажманот на Бујар Османи во таа насока. Таквите модели промовирани од него, наместо да го гарантираат мирот, го цементираат влијанието на Србија и ги продлабочуваат поделбите.
Бујар Османи, кој требаше да биде дипломат од регионален интерес за Албанците, стана гласноговорник на Вучиќ. Наместо да ги штити правата и интересите на Албанците во Македонија и во регионот, тој отворено работеше против нив и во Косово, и во Македонија.
Граѓаните на Косово имаат право на самостојност, без мешање, условувања и тајни договори на трета маса. Косово не смее да биде предмет на калкулантски надворешнополитички потези, ниту монета за поткусурување на ничии кариери“.
„Вреди“ повикува на преиспитување на улогата на Бујар Османи во ОБСЕ, поради, како што подвлекуваат, отворена пристрасност и отстапување од мандатот.
„Стануваат јасни многуте средби со функционери од Србија на Бујар Османи. Жално е што човек од Скопје работеше против интересите на Косово. Косово не смее да биде жртва на политички и кариеристички амбиции на Бујар Османи“.