Македонија
Нова Охридска ера што води до реален мир
Македонските домаќини на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог ги повикаа учесниците да помогнат во воспоставувањето на една „Нова Охридска ера“ на расудување која ќе не приближи до реалниот мир, толеранција и љубов во светот
Македонските домаќини на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог ги повикаа учесниците да помогнат во воспоставувањето на една „Нова Охридска ера“ на расудување која ќе не приближи до реалниот мир, толеранција и љубов во светот.
„Ве повикувам овде во Охрид да ги поставиме вертикалите и хоризонталните на зоните на мирот, каде нема да стравуваме да говориме и каде нема да се плашиме,“ порача Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и додаде дека „сите народи се една заедница и сите религии се еден свет“.
„Преку организација на двете конференции Македонија покажа дека само со размена на мислења и искуства светот може да стане една динамична област во која луѓето повторно ќе го откријат стимулативното богатство на различностите, културната размена и соработката,“ рече министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
На Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која по втор пат се одржува во Охрид присуствуваат голем број на претставници од сите верски заедници од над 30 држави од неколку континенти, потоа голем број на експерти, научни и културни работници, професори и претставници од невладиниот сектор.
Присутни се претставници и духовни лидери од Руската православна црква, Албанската православна црква, Сиријската Православна Теолошка Школа, Антиохиската Сиријска Православна Црква, Римокатоличката црква, претставници од Ватикан (Светата Столица), Евангелистичко- Методистичката Црква, Еврејската заедница, претставници од Исламските заедници од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија и Кина, Ваишнавската заедница и др.
За организацијата на Втората Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид се грижи посебен протокол, кој деновиве мораше да ги задоволи сите барања и специфични потреби на учесниците на овој значаен настан.
Покрај силното обезбедување, се води и посебна сметка и за сместувањето на гостите од различните религии.
Дел од сместувачките капацитети во хотелите „Метропол“ и „Белви“ се преадаптирани за верски обреди и молитви, а храната се подготвува во посебни услови.
За тоа се задолжени пет различни кујни во кои ќе се приготвува храна посебно за муслиманските верници, Евреите, христијаните итн.
Конференцијата е во организација на Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и со верските заедници во Република Македонија. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја составувал техничката спецификација за модуларната болница во Тетово, без да изготви елаборат за електрична енергија, а трагичниот пожар можел да биде спречен.
„Кадриу потврдува дека работата е забошотена. Таа била повикана вечерта на трагедијата да учествува во истрагата, а потоа дошол и Јовевски со свои обвинители, за кои таа вели дека имале обврска да ја држат истрагата под контрола“, рече Манасиевски.
Тој додаде дека, според Кадриу, модуларните болници биле изградени од панели со пурпена кои чинеле 5–6 евра по метар, додека пожароотпорните панели со камена волна чинеле околу 17 евра.
„Сите модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, а за нив биле обезбедени 30 милиони евра од Светската банка. Каде се тие пари – нема одговор. Можеби се наоѓаат во некоја акција во индиска авиокомпанија, стан во Дубаи или фирма во Бугарија“, изјави Манасиевски.
Тој истакна дека трагедијата со 14 загинати во Тетово можела да биде избегната.
„За жал, трагедијата во Тетово во која загинаа 14 наши сограѓани, можела да биде и спречена доколку Филипче потпишал минимум технички спецификации и ако направил елаборат за електрична енергија, со кои не би дошло до спој во електричната енергија и доколку панелите биле малку поскапи и подобри, можеби и ќе се избегнел пожарот. Но, Филипче по се изгледа алчен за парите, искористил минимум од обезбедените средства. Згора на се, ова можеби би било спречено и доколку Филипче ја прифател понудата на тогашниот медицински директор во тетовската болница, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата кои биле слободни во истоимената болница каде тие биле оставени така празни. Филипче ова го одбил поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени“, рече Манасиевски.
Во изјавата, Манасиевски тврди дека вистинските виновници не се зад решетки, а дека „оние кои нуделе други решенија сега се осудени само на три години“.
„Вистинскиот виновник денес води политичка партија во опозиција“, заврши тој, најавувајќи нови информации утре, вклучително и околу тоа зошто обвинителката Кадриу била суспендирана.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата
Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело.
Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.
Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.
Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал“.
Според него, каде има чад, има и оган.
„Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев“.
Го повика ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога.
Македонија
(Видео) Македонија на чекор до историски трговски договор со САД, рече Стојаноски
Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со Соединетите Американски Држави, објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека се работи за „историски успех за македонската Влада и дипломатија“.
Како што информира Стојаноски, доцна синоќа Белата куќа објавила Заедничка изјава за реципрочна трговија помеѓу САД и Македонија, со која се најавува рамка за договор со царински тарифи до 15%, а за одредени производи и 0%.
„Се идентификуваат производи коишто ќе добијат до 0% реципрочна тарифа, што значи дека за дел од клучните индустрии и производи царинските тарифи ќе се намалат до нула“, рече Стојаноски.
Според него, ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и економската соработка меѓу двете држави. Договорот, како што рече, на македонските компании ќе им обезбеди конкурентска предност, регулаторна сигурност, предвидливост и посилна позиција на американскиот пазар.
„Во овие непредвидливи глобални времиња се зачувани илјадници работни места, а се испраќа и сигнал за политичка и економска стабилност на нашите односи со официјален Вашингтон“, додаде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, Стојаноски истакна дека документот е доказ за неоснованоста на критиките од СДСМ дека Владата нема надворешен план или визија. Целта на Владата, рече тој, е повеќе извоз, инвестиции и добро платени работни места дома.

