Македонија
Вељаноски: Опозицијата го злоупотреби отворениот ден на парламентот
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во врска со денешните обвинувања од страна на опозицијата рече дека опозицијата го злоупотребила отворениот ден на Парламентот.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во врска со денешните обвинувања од страна на опозицијата рече дека опозицијата го злоупотребила отворениот ден на Парламентот.
„Панел дискусиите традиционално се организираат од НВО и тоа не само оваа туку и претходните години и тие одлучуваат кој ќе учествува. Во однос на тоа дека опозицијата треба да се врати на координациите, повеќе пати тоа го имам истакнато и повторно ги повикувам во понеделник да се вратат на редовната координација, а не да го условуваат со учеството во некои панел дискусии,“ изјави Вељаноски.
Вељановски укажа на тоа дека опозицијата вчера реагирала на списокот на воведничари, по што тој интервенирал и опозицијата била повикана, но одбила да учествува.
„Тоа беше веројатно за да го направат ова денешно сценарио, затоа одбија да дискутираат“ , посочи претседателот на Парламентот.
Службениците од Парламентот задолжени за организација на денешните трибини вчера по интервенцијата на претседателот Вељаноски ги контактирале и пратениците од ДУИ и од СДСМ, велат извори во Собранието.
ДУИ прифатиле да учествуваат, но СДСМ одбиле.
Координаторката на пратеничката група на СДСМ Цветанка Иванова вели дека тие вчера биле повикани да учествуваат, но не прифатиле бидејќи нивните пратеници веќе имале закажани обврски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

