Македонија
Почна протестот на албанските граѓански организации

Со гласни извици УЧК и “етничка Албанија, “Слобода за осудените за Сопот и Бродец“ неколку илјадници Албанци кои во две групи доаѓаа од Чаир и од Скопскиот саем, со развиорени албански знамиња излегоа денеска на протест против секаков вид на дискриминација.
Со гласни извици УЧК и “етничка Албанија, “Слобода за осудените за Сопот и Бродец“ неколку илјадници Албанци кои во две групи доаѓаа од Чаир и од Скопскиот саем, со развиорени албански знамиња излегоа денеска на протест против секаков вид на дискриминација.Под мотото “За правда“, бараат да се прекине процесирањето на хашките случаи, да се ослободат осудените во случаите Сопот и Бродец, бараат да се употребува албанскиот како службен јазик и употреба на албанските симболи.Протестниот марш симболично започна од пред судската палата. Демонстрантите потоа ќе заминат пред собранието, па пред влада. Полициското обезбедување е на високо ниво, судската палата ја обезбедуваат обични полицајци, специјалци, како и воена полиција. Пратеничка група од Нова Демократија, Флора Кадриу Абедим Зумбери и Сулејман Рушити, без лидерот Имер Селмани се приклучија кон протестот за да изразат поддршка на демонстрантите. Советот на 40 организации на Албанците најавија дека ќе побараат итно запирање на процесуирањето на хашките предмети, ослободување на затворените од случаите Бродец и Сопот, како и прекин на проектите, што според нив, предизвикуваат етничка и верска дискриминација./макфакс/фф/НАСТАН ВО ТЕК
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин на некои автобуски линии.
„Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред“, соопшти ЈСП.
Од таму велат дека доколку бидат информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, јавноста навремено ќе биде известена.
Македонија
„ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески“, реагира СДСМ

„Бруталното рушење на домот на Владо Малески во Струга не е изолиран инцидент, тоа е резултат на системска незаинтересираност, институционална парализа и политичка неодговорност на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ.
„Управата за заштита на културното наследство, која е должна по службена должност да реагира и превенира вакви уништувања, молчи и не презема ништо. Дали затоа што рушителите се блиски до власта? Или затоа што институциите се ставени во служба на политичките и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и нивната тајна коалицијата со ДУИ?
Министерот за култура, Зоран Љутков, наместо да го брани културното наследство, се занимава со партиска кампања и самопромоција. Во време кога се брише споменик на македонската културна меморија, Љутков не излезе со ниту едно јавно соопштение, ниту најави конкретна постапка. Тоа е срам за институцијата Министерство за култура!
Владо Малески не е само име од учебник ,тој е авторот на текстот на македонската химна, дел од нашата државност и културен идентитет. Рушењето на неговиот дом е удар врз македонската култура, меморија и достоинство.
СДСМ бара:
– итна и целосна истрага за случајот,
– одговорност од Управата за заштита на културното наследство,
– оставка од министерот Љутков поради неделување,
-итна реставрација и заштита на објектите со историско и културно значење во Струга.
Ова што се случува не е само правен, туку цивилизациски пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема визија, ниту почит кон сопствената држава и нејзините симболи.
СДСМ, заедно со граѓаните на Струга и со целата културна јавност, ќе се избори овој срам да не остане неказнет. Никој нема право да ја руши историјата на Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во Скопје.
Веќе се пријавени 43.000 граѓани на апликацијата vakcinacija.mk, а можноста за пријавување продолжува.
– Голем е одѕивот на граѓани кои досега се пријавија за вакцина против сезонски грип. Задоволен сум од покажаниот интерес, а воедно сакам да потсетам дека и понатаму е отворена можноста за пријавување, преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита на здравјето и очекувам бројката на пријавени лица за вакцинација да расте и во следните денови, порача министерот Алиу.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.