Македонија
Милошоски го доби клучот за претседавање со СЕ
Започна македонското претседавање во Советот на Европа. Министерот Антонио Милошоски симболично го доби клучот кој му го врачи досегашниот претседавач, Швајцарија
Започна македонското претседавање во Советот на Европа. Министерот Антонио Милошоски симболично го доби клучот кој му го врачи досегашниот претседавач, Швајцарија и со тој чин во наредните шест месеци, Македонија ќе ги форсира приоритетите кои се доставени до сите земји членки на Советот на Европа.
Со самото примопредавање, веќе на почетокот на говорот на министерот Милошоски , во кој рече дека му е чест да ги претстави македонските приоритети, грчкиот заменик министер, Димитрис Друцас веднаш побара реплика .
Тој на двапати побара од претседавачот Милошоски да се придржува кон практиката за употреба на привремената референца, општо прифатена од меѓународните институции и да не ја злоупотребува и манипулира позицијата.
Министерот Милошоски на ова реплицира, дека, тој воопшто не ја злоупотребува придавката македонски, не го манипулира или монополизира тој термин како што посочи Друцас, туку дека тоа е основно индивидуално човеково право.
„Како што вие сте Грк, Карл Билд Швеѓанец, јас сум Македонец и тоа е основното човеково право, а овој Совет е куќа на човековите права“ истакна Милошоски.
По состанокот грчкиот портпарол и покрај реакцијата на неговиот министер, побрза да ја покаже љубезноста и да посочи дека Грција стои зад својата определба, за поддршка и вклучување на Македонија во Европската унија.
Министерот Милошоски, рече дека ова е историски ден за Македонија, дека нашето претседателствување има и што да понуди и што да покаже, да даде поголем придонес за реформите во Советот на Европа.
Министерот подвлече дека СЕ, се наоѓа на крстопат и треба да реши дали ќе остане еден бирократски диносаурус со мала релевантност или ќе се залага за владеење на правото и на почитување на човековите права на 800 милиони Европејци и релевантно видлива европска организација.
„Ќе ги следиме стандардите, ќе ги форсираме веќе познатите приоритети и ќе бидеме присутни секаде каде што функционира СЕ, особено во Албанија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Се надевам дека, по се ова Македонија по шестмесечното претседателство ќе биде поискусна и дипломатски попрепознатлива држава во светот“ рече Милошоски. /крај/да
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

