Македонија
Презентиран акционен план за заштита од топлотен бран
Комисијата за климатски промени и здравје, при Министерството за здравство во соработка со СЗО го изготви акциониот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови, што денеска го презентираше координаторот за климатски промени, Владимир Кендровски.
Комисијата за климатски промени и здравје, при Министерството за здравство во соработка со СЗО го изготви акциониот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови, што денеска го презентираше координаторот за климатски промени, Владимир Кендровски.
“Оваа година спроведувањето на активностите ќе се одвива во пилот фаза и по завршувањето на летниот период ќе се направи нивна евалуација и соодветна ревизија и дополнување на планот “, истакна Кедровски.
Тој најави дека за обезбедување на навремено следење на најавата на топлотни бранови во РМ, а како составен дел од овој план е изготвена интернет страница www.toplotnibranovi.mk.
Како што беше образложено на оваа интернет страница поставен е сервис за најава на топлотни бранови, кој што овозможуваа информациите автоматски да се доставуваат по пат на СМС порака и е -маил до одговорните лица за спроведување на планот.
Зa тековната 2010 година изготвени се едукативни материјали за заштита од топлотни бранови наменети за општото население, матичните лекари, раководители на здравствени социјални и едукативни установи и за заштита на здравјето на работниците
Кендровски рече дека во периодот од први јуни до крајот на август ќе функционира бесплатна СОС телефонска линија (02 3221 902) на која граѓаните секој ден од 10 до 18 часот ќе мораат да се информираат за влијанијата од топлото време и заштита./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.