Македонија
МВР: Идентификувани тројца од четворицата загинати во Радуша – Фото
Полицијата потврди дека се идентификувани тројца од загинатите во престрелката што ноќеска се случи во близина на скопското село Радуша, врз база на документацијата што била најдена кај нив.
Полицијата потврди дека се идентификувани тројца од загинатите во престрелката што ноќеска се случи во близина на скопското село Радуша, врз база на документацијата што била најдена кај нив.
Според извори на Макфакс, еден од загинатите е косовски државјанин Џафер Шаља (31) од Приштина кој што се барал со меѓународна потерница и во Македонија бил осуден на девет години затвор.
Според документацијата која била пронајдени кај останатите двајца, неофицијално се работи за Кемал Фејзула од село Грчец и Шабан Зенуни од село Мерово. Од МВР не го потврдуваат идентитетот на загинатите, се додека не заврши ДНК анализата.Полициските сили синоќа поставиле заседа во реонот на Радуша и Рашче и вршеле контрола на возилата што поминувале на патот, кога групата наишла со возило „Мерцедес Спринтер“. Еден од загинатите го управувал комбето, со прилепски регистерски таблици, најверојатно фалсификат, додека останатите тројца седеле позади. Тие не ја послушале наредбата на полицијата да застанат и отвориле оган кон нив, при што полициските сили возвратиле. Целта им била нелегален транспорт на оружје од Косово во Македонија. Оружјето што е пронајдено било со југословенско потекло, старо и подолго време неупотребувано. Во комбето се пронајдени три рачни фрлачи, три вреќи со гранати, шест вреќи ТНТ, рачни бомби, пешадиски мини, муниција и снајпери. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, повтори дека не постои простор за загриженост и дека полицијата има целосна контрола врз безбедноста на граѓаните.
„Оваа акција на полицијата е уште една потврда на она што во континуитет го говориме дека нема причина за вознемиреност кај граѓаните, бидејќи полицијата има целосна контрола над бебзедносната состојба, ги имаме сите информации кои се релевантни и подготвени сме соодветно да реагираме и уште еднаш испраќаме јасна порака дека никакво насилство не може да се толерира и дека најостро ќе возвратиме на секој обид за нарушување на безбедноста, нарушување на сигурноста на граѓаните или загрозување на сигурноста на полициските служебници кои ги иозвршуваат своите редовни задачи“ изјави Јанкуловска.
Засега не ги поврзуваат двата инциденти во Радуша и во Блаце.
„Во оваа фаза на истрагата не биле оделе со поврзување, односно со јавно објавување на информациите околу поврзаноста и дејствувањето на овие екстремистички групи, заради тоа што нашите екипи се уште работат на теренот и работат на документирање на сите потребни аргументи и за овој настан и за претходните настани“ изјави Јанкуловска и порача дека никакво насилство не смее да се толерира. Таа уште еднаш изрази задоволство што сите релевантни политички фактори се оградија од претходните инциденти. Македонската полиција на крајот на минатиот месец пронајде поголемо количество оружје, кај селото Блаце во близина на границата со Косово. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

